(Видео) На Путин му се тресеа нозете на средбата со претседателот на Таџикистан

Веќе подолго време се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, а шпекулациите за неговата лоша здравствена состојба одеа дотаму што некои мислеа дека е болен од рак или можеби Паркинсонова болест.

Овие шпекулации станаа сè почести особено од почетокот на руската инвазија на Украина. Досега немаше никаква официјална потврда дека Путин боледува од  што било, но на последното видео од него, за време на средбата со претседателот на Таџикистан, се гледа како му се тресеа нозете.

Тоа е сосема спротивно однесување од нормалното, пренесе „Њузвик“. Неговото необично однесување го забележа и претседателот Рахмон, кој во еден момент ќе погледне надоле во Путин како ги врти нозете додека зборува за безбедноста на Таџикистан.

По воената парадата во Москва во чест на 77-годишнината од победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија, почнаа шпекулациите дека рускиот претседател е болен. Путин во еден момент за време на прославата се покри и со ќебе и кашлаше.

Мајк Картер, експерт за говор на тело, го гледаше неговиот говор и забележа некои работи во неговото држење кои би можеле да бидат знаци за нелагодност или болка.

Картер рече дека Путин дишел многу бавно и дека се нишал напред-назад. Тоа може да биде показател за вознемиреност, но исто така може да укажува и на здравствен проблем, рече Картер.

Scroll to Top