(Видео) НАСА сними мистериозен звук што доаѓа од вселената

By

Од НАСА успеале да снимат звуци што доаѓаат од вселената. Вознемирувачките звуци, како што ги нарекуваат некои заговорници, потекнуваат од црна дупка. Тие се снимени со новата технологија на НАСА, а од американската вселенска агенција снимката со звукот ја објавиле на „Јутјуб“.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека изворот потекнува од длабоко галактичко јато по име Персеј. Тоа е оддалечено 250 милиони светлосни години од Земјата.

„Во јавноста постои заблуда дека во вселената нема никакви звуци. Најголем дел од луѓето мислат дека таму нема никакви звуци затоа што сметаат дека поголемиот дел од вселената е вакуум кој не може да обезбеди медиум за ширење на овие звучни бранови“, велат од НАСА.

За потсетување, меѓународен научен тим пред три години го претстави едно од своите најголеми научни откритија, односно првата направена фотографија на црна дупка.

Црната дупка е со исклучително густ небесен ентитет, и нејзиното гравитационо поле е толку силно и моќно што ни самата светлина  не може да побегне од него.

Ова ја прави црната дупка исклучително тешка за набљудување и покрај нејзината огромна маса. Овој пионерски потфат е резултат на проектот Event Horizon Telescope EHT. Овој проект е почнат уште во 2012 година и со него директно се набљудуваат работите и состојбата околу црната дупка.

Набљудувањето се прави со помош на глобална мрежа на телескопи, пренесува „Ројтерс“. Хоризонтот на настани околу самата црна дупка, односно нејзината граница, е точка од која нема враќање. По таа точка сите ѕвезди, планети, гас, прашина и облици на електромагнетно зрачење, заминуваат во неповрат и заборав.

Проектот целел на две супермасовни црни дупки, кои се наоѓале во средиштето на различни галаксии. Со ова истражување ќе се тестира општата теорија на Ајнштајн за релативност од 1915 година, која ги објаснува законите на гравитацијата и нивниот однос кон другите природни сили.

Теоријата на Ајнштајн дозволува предвидување на големината и обликот на црната дупка. Ако се утврди дека тоа предвидување не е точно, ќе биде потребно преиспитување на оваа теорија, велат од НАСА.

 

Ќе ви се допадне

go88 game bài đại gia đẳng cấp nhất 2021 go88 nemo vin Go88 Club - Thiên đường cờ bạc online

cách tải sunwin