(Видео) Необично зуење стои зад мистериозниот Хавана-синдром и таинствената болест која ги напаѓа американските дипломати

Аудиоснимка која ја забележал поранешен американски претставник и официјално лице на САД во Хавана наводно открива звук кој е поврзан со Хавана синдромот, пренесуваат медиумите. Станува збор за мистериозна болест која ги нападна американските дипломати во Куба.

На звукот кој го снимил американскиот претставник го слушнал во неговата куќа во Хавана на Куба. Аудиоснимката од мистериозниот звук била емитувана во неделата во емисијата „60 минути“. Звукот не предизвикува оштетување бидејќи е само нуспроизвод.

Американецот кој го снимил сакал да остане анонимен. Тој го опишал како гласен звук кој ја исполнувал неговата соба. Од 2016 година, околу 200 членови на американскиот персонал добиле симптоми кои варираат од главоболка до зуење во ушите.

Потоа губење на слухот, памтењето и рамнотежата. Некои од жртвите претрпеле и долгорочни повреди на мозокот. Студијата која ја нарачал Стејт департментот објаснува дека најверојатен извор на енергетски импулс е радиофреквенцијата насочена кон американски цели.

Официјални лица велат дека овие инциденти не се случиле во далечните амбасади, но два случаи биле забележани во близина на Белата куќа.

Поранешниот шеф на персоналот за внатрешна безбедност, Мајлс Тејлор, за „60 минути“ рече дека бил мета на два мистериозни инциденти во неговата куќа во Вашингтон.

„Некој се обидува да ни испрати порака дека може да ни зададе удари, а ние да не можеме да возвратиме“, рече Тејлор.

Постојат бројни теории за Хавана-индромот. Сепак, по неколку години озборувања за таканаречениот Хавана-синдром, ЦИА ја отфрли теоријата дека зад сето тоа стои непријателска сила. Според Пол Робинсон, професор од Универзитетот во Отава, кој се занимава со руска и советска историја, приказната за синдромот совршено се вклопува во познатиот шаблон за ширење на дезинформации.

„Секоја недела листата на дискредитирани наводи против Русија расте и расте. Од поново и поново, западните влади и медиуми нè информираат за некој нов заговор, само за подоцна да се утврди дека тука нема ништо. Земете ја за пример долгогодишната сага за Рашагејт, изградена врз идејата дека Доналд Трамп бил руски агент. Сè уште има такви кои веруваат во тоа, но во повеќето случаи луѓето изгубија интерес штом стана јасно дека се работи за измислица и дека ‘досието Стил’, врз основа на кое се разгоре приказната, не беше вреден документ“, рече Робинсон за РТ.

Хавана-синдромот беше опишан како масовна психогена болест. Експертите забележаа дека станува збор за таканаречен ноцебу ефект, кој се разликува од плацебо.

Според таа идеја, очекувањето дека нешто негативно ќе се случи со нечие здравје доведува и до здравствени проблеми. По првите извештаи од Куба, на дипломатите им било кажано да внимаваат на необичните симптоми, кои подоцна почнале да ги пријавуваат.

А всушност, можеби сето тоа им било само во главите. Можеби тоа било масовна хистерија. Сепак, тезата за руското микробраново оружје никогаш не престанала да се провлекува низ целата приказна, иако и самата ЦИА почнала да се сомнева во тоа според последните извештаи.

„Во новите разузнавачки проценки, ЦИА ги отфрли сомнежите дека мистериозните симптоми, познати како синдром Хавана, се резултат на тековната глобална кампања на непријателските сили насочени кон стотици американски дипломати и шпиони.

Иако има уште неколку случаи во кои постои сомневање за вмешаност на странски агенти, не е доволно да се обвини странска земја за намерно создавање на болеста.

„Накратко, повторно нè нахранија со лаги. Не треба да бидеме толку изненадени, но целата афера зборува за лековерноста на нашиот политички и медиумски естаблишмент и потребата од многу повнимателен пристап кон обвинувањата, кои мора да се засноваат на докази“, заклучува Робинсон.

Scroll to Top