(Видео) НЛО ги исплаши Кинезите, необичен објект снимија на нивното небо

На „Инстаграм“ објавено е видео од Кина на кое се гледа НЛО. Голем број луѓе рекоа дека се исплашиле кога го виделе објектот. Очевидците најмногу биле од кинескиот округ Минкуин. Велат дека необичната трага која ја личела на полноглавец.

Според Newsflare, видеото е направено на 12 ноември. Го снимил професор по астрономија во Пекинг, Ли Ланг, кој за медиумите рече дека веројатно станува збор за вештачки астрономски објект. Објектот  предизвика шок меѓу корисниците на социјалните мрежи. Многумина прашуваат што би можело да биде.

Повеќето веруваат дека станува збор за неидентификуван летечки објект НЛО. Повеќето се согласуваат дека изгледа неверојатно, а повеќето беа радознали.

„Во ред, може ли да ми каже некој што е ова, за да можам да спијам мирно вечерва? Заоѓањето на сонцето мора да било прекрасно, но ова е шлаг на тортата“, беа некои од коментарите.

Други пак велат дека станува збор за лансирана ракета и дека бил снимен моментот кога се раздвојувал еден од деловите на ракетата во првата фаза и палењето на моторот во втората. Некои пак мислат дека станува збор за некој вид на тест на балистичка ракета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NowThis (@nowthisnews)

Неодамна слична ситуација сними радио телескопот Sky Eye во Кина, сними необични сигнали од вселената, пренесе News 18. Според „Тајм“, извештајот на државното списание Science and Technology Daily тврди дека телескопот детектирал електромагнетен сигнал со тесен опсег.

Медиумската куќа го цитирала главниот научникот Жанг Тонји, главниот научник на тумот за претрага на вонземјански цивилизации. Овој извештај бргу потоа бил избришан. До денес не е познато зошто е избришан.

.

Scroll to Top