(Видео) НЛО разнесе Американска ракета „Фалкон 9“

На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се види како непознато летало, бомбардира една од американските ракети „Фалкон 9“. На забавена снимка може да се види летачки црн објект кој што испалува некаков предмет кон ракетата, по што настанува силна експлозија.

Ракетата „Фалкон 9” на приватната компанија „Спејс Екс”, основана од Илон Маск, експлодирала за време на испитување на космодромот „Кејп Канаверал” во Флорида.

Некои теоретичари на заговор веруваат дека експлозијата на ракетата не била механичка грешка, туку напад на вонземјани. Според нив тие се обидуваат да стават крај на војните и трката во вооружување. Други пак веруваат дека мистериозниот објектот е птица.

На социјалните мрежи постојано се коментира од лица кои веруваат дека ова претставува напад од вонземјани.

„Ако тоа е напад не ми е јасно зашто го бомбардира долниот дел од ракетата, а не горниот. На тој начин сигурно ќе направи поголема штета, не само на ракетата, туку и на останатиот дел и целиот процес ќе се одвивал многу побрзо“ „Ова сигурно не е случајно. Слично нешто се случи и со падот на руските метеори“, „Сега зошто Клингоците би нападнале беспомошна ракета. Сигурен сум дека тие имаат поматена работа“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top