(Видео) Нова снимка од радар, на која американската морнарица уловила НЛО

Филмаџијата кој во 2019 година ги објави снимките од НЛО, кои го вознемирија екипажот на воениот брод USS Omaha, во близина на брегот на Калифорнија, во четвртокот објавил нови снимки од радарите, на кои наводно се гледаат голем број на НЛО објекти.

Џереми Корбел тврди дека видеото е снимено во Борбениот информативен центар на бродот на 15. јули 2019 година. Претходно овој месец, тој покажа тајна снимка на која се гледа сферичен објект, кој летал над бродот пред да исчезне во океанот.

„Ова само ги потврдува електрооптичките податоци кои покажуваат значајна серија на НЛО настани во подрачјето кај Сан Диего“, објавил Корбел во четвртокот.

Новите некласификувани снимки ги покажуваат морнарите на бродот Omaha, како ги набљудуваат деветте НЛО објекти, кои се ројат околу бродот со брзина од околу 220 километри на час.

„Господе Боже, колку само брзо се движат“, се слуша гласот на еден од морнарите. „Гледајте како свртува“, се слуша друг.

Пентагон претходно ја потврди автентичноста на видео снимката од 18 секунди, на која се гледа како три НЛО објекти се движат над USS Rasel во јули 2019 година.

Корбел и неговиот соработник, истражувачкиот известител KLAS-TV од Лас Вегас, Џорџ Кнап, во четвртокот се појавиле во емисија за паранормални настани „Мистери Вајер“, за да зборуваат за новото видео.

„За среќа имаме снимки CIC (Combat Information Center) до кои дојде екипата која била посебно ангажирана за да ги сними овие аномални настани“, изјавил Корбел во програмата.

Режисерот изјавил дека во еден момент на радарот на морнарицата можеле да се забележат 14 НЛО-а, но дека таа снимка не била обезбедена.

„Тоа само ја поддржува хипотезата дека ова не е само балон кој паѓа во водата, не е нешто што лесно може да се објасни, тоа се вистински неидентификувани маси“, изјавил тој.

Неидентификуваните воздушни феномени биле дел од низата на чудни упади кои вклучувале девет бродови на американската морнарица во Тихиот океан во јули 2019 година, изјавиле истражувачите.

„Предметите навистина се од непознато потекло“, изјавил Кап. „Ако се странски беспилотни летала, тоа само покажува дека тие имаат способност да ја надминат нашата технологија. Некои од нив летале во воздух и можеле да влезат во океанот. Патувале низ вода како нив воздух“, велат тие.

Министерството за одбрана не издало јавно соопштение за најновите снимки во четвртокот вечерта. Новото обелоденување на докази се случи откако службениците на одбраната се подготвуваат пред Конгресот да го претстават извештајот во кои детално се објаснети сите настани за кои владата знае за НЛО. Претставувањето на извештајот треба да се случи следниот месец.

Во среда е откриено дека Луе Елизондо, поранешен шеф на Напредната програма за идентификација на воздухопловни закани, поднел жалба против Пентагон, тврдејќи дека официјални лица се обиделе да извршат атентат врз него, откако тој ги открил доказите за НЛО.

„Нивото на интерес ја достигна критичната маса“, изјавил Елизондо за „Пост“ во април.

„Мислам дека владините службеници сега разбираат и дека сега кога ја препознаа реалноста за необјаснениот воздушен феномен, ќе им биде тешко да се повлечат“, вели Елизондо.

Scroll to Top