Меѓународeни тим од астрофизичари и научници објавија компјутерските симулации од црна дупка која се наоѓа во центарот на нашата галаксија. Дупката го доби името Сагитариус А и е четири милиони пати поголема од Сонцето.
Нејзината гравитација е толку силна што светлината и материјата не можат да излезат од неа и е исклучително тешко да се направи фотографија од истата.
Фотографиите ги направи меѓународен конзорциум со телескопот Евент Хорајзон. Овој телескоп е составен од 8 синхронизирани радио телескопи од целиот свет. На овој проект работеле повеќе од 300 истражувачи и научници од 80 институции од целиот свет.
Астрономите веруваат дека речиси сите галаксии, вклучувајќи ја и нашата, Млечниот пат, во својот центар имаат вакви огромни црни дупки. Иако има уништувачка гравитација, добрата вест за оваа црна дупка е што е оддалечена од Земјата 27 000 светлосни години.
За потсетување, една светлосна година означува растојание од 9,5 трилиони километри.