(Видео) Од НАСА снимиле замрзнат вооружен вонземјанин на Марс

Теоретичарите на заговор тврдат дека забележале војник вонземјанин на Марс, кој го снимил роверот на НАСА, Curiosity. На видеото се гледа како наводниот вонземјанин носи вселенски костум и носи оружје. Некои веруваат дека е замрзнат, пишува британски „Сан“.

Суштеството било прво забележано од независен истражувач под името Paranormal Crucible, кој го објавил и на „Јутјуб“. Во описот на видеото тој напишал дека станува збор за интригантен објект што го забележал додека ги прегледувал архивите на НАСА.

„Ова дефинитивно изгледа како вештачка творба и според мене станува збор за древна статуа. Чудната работа во врска со ова видео е тоа што суштеството наликува на вонземјанин од типот на инсекти“, се вели во видеото.

Сепак многумина не се убедени и имаат свои теории за што навистина што станува збор. Еден од нив е Зак Фарли, кој рече дека најверојатно станува збор за помала карпа, која стои пред уште поголема.

Од Disclose Tv има коментар дека најважното прашање околу целата оваа работа е дали станува збор за статуа или скаменета личност. Од таму велат дека можеби вонземјанинот бил замрзнат со некакво моќно оружје.

Претходно пак, пред да биде објавено видеото, во јавноста се објави веста и за тим на ловци на вонземјани кои наишле на џиновска вонземјанска канџа длабоко закопана во пустина во Перу.

Ловците на вонземјани тврделе дека џиновската рака имала три прста и дека најверојатно му припаѓала на некој вонземјанин или на џиновски хуманоид.

 

NASA’s Curiosity Rover Spotted an Armed Alien Soldier on Mars – Mystery Sightings (xemtin3s.com)

Scroll to Top