На видео и фотографии, што анонимно му биле испратени на режисерот Џереми Корбел може да се видат неидентификувани летечки објекти како летаат над брод на американската морнарица. Од Пентагон велат дека видеото и фотографиите се автентични и се дел од истрагата за НЛО.
„Можам да потврдам дека фотографиите и видеата биле снимени од страна на припадници на морнарицата , за кои подоцна е отворена истрага“, изјавила претставничката на американското министерство за одбрана, Сју Гоу, за „Фјучуризам“.
Краткото видео веројатно било снимено со специјална опрема за снимање во темница. Во него се гледаат објекти во облик на триаголник или пирамида како лебдат над бродот.
Во класифицирани документи било забележано дека објектите не се нешто што морнарицата или некоја друга армија го поседува и тие се движеле на неочекуван начин и немале аеродинамичен облик.
Корбел открил дека објектите биле снимени во јули 2019 г., а првично биле опишани како дронови што поминале покрај бродот во близина на брегот на Јужна Калифорнија. Видеото и повеќето фотографии што му биле испратени на Корбел биле чувани од страна на група која ги анализира контактите помеѓу американската армија и неидентификуваните летечки објекти, а истото било потврдено од страна на Гоу. Инцидентот би можел да биде измама, оптичка илузија или да има друго објаснување.
Според една хипотеза, видеото било снимено со телефон преку стакло за гледање во темница и на него се гледаат обични авиони кои изгледаат тријаголно поради оптички ефект.
The US Navy photographed and filmed “pyramid” shaped UFOs and “spherical” advanced transmedium vehicles; here is that footage.
Please visit my Instagram and https://t.co/5JMYxoo9sI to read all the details that I can share at this time. pic.twitter.com/58CXZ1ljAF
— Jeremy Corbell (@JeremyCorbell) April 8, 2021
View this post on Instagram