(Видео) Пентагон потврди уште една снимка од НЛО направена на брегот на Калифорнија

By

Снимката на која се гледаат најмалку девет НЛО-а, кои биле видени како летаат околу американски воен брод, биле потврдени од Пентагон како автентични.

„Можам да потврдам дека видеото е снимено од персоналот од морнарицата и од UAPTF, (Неидентификувана работна група за воздушни појави)“, изјавил портпаролот на Пентагон, на дописникот на NBC.

Снимките прв во јавноста ги објавил експерт за НЛО, Џереми Корбел.Тој го објавил видеото на 27 мај и изјавил дека бродот се наоѓал во близина на брегот на Сан Диего во Калифорнија, на 15 јули 2019 година. Според него, на видеото се гледа група необични летала и се слуша и еден од операторите како говори: Коло 781 штотуку забрза до 46, 50 јазли.

Потоа се слуша како вели дека леталото достигнало брзина од 138 јазли (250 километри на час) и дека се движи многу брзо.

Според Корбел, еден од членовите на екипажот рекол дека највпечатлива им била издржливоста на леталата. Екипажот ги гледал леталата на небото повеќе од еден час, а потоа сите едноставно исчезнале.

Корбел тврди дека на снимките биле забележани 14 НЛО, но тој смета дека тие никогаш нема да бидат објавени во јавност. Оваа бројка Корбел вели дека можела да биде многу поголема, ако дел од леталата не исчезнале од системот за следење.

Корбел вели дека дел од нив или потонале во водата или, пак, летале на висина на која радарите на морнариците не можеле да ги забележат.

 

 

Ќе ви се допадне

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Fairy Tail (Dub) Episode 166

anime sites The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

GoGoAnime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

anime streaming SK8 the Infinity (Dub)

My Hero Academia Season 5 Episode 22