(Видео) По бегството на ќерка му, шеикот Мактум остана и без најмладата сопруга

По бегството на неговата ќерка од палатата, Латифа Мухамед ал Мактум, владетелот на Дубаи, Мухамед бин Рашид Мактум, остана и без својата најмлада сопруга.

Се претпоставува дека принцезата Хаја сега се крие во Велика Британија со своите две деца. Медиумите пишуваат дека таа е подготвена за повеќемилионски развод и борба за старателството над децата.

Хаја со месеци внимателно го планирала бегството во Лондон, откако разбрала како шеикот ја третира неговата ќерка. Таа вели дека не сакала да ја доживее истата судбина.

Претходно од палатата избегала ќерката на шеикот, Латифа, која изјавила дека направила сè за да се тргне од нејзиниот строг татко. Иако шеикот тврдел дека Латифа била киднапирана и жртва на изнуда, таа самата вели дека тоа не е вистина и дека се обидела да побегне и да започне нов живот во САД.

Се претпоставува дека принцезата Хаја сега се крие во Велика Британија со двете деца, а подготвува и повеќемилионски развод и борба за старателство над децата. Хаја од Дубаи во мај прво побегнала во Германија, од каде потоа се преселила во Велика Британија.

Шеикот подигнал тужба против неа, а сослушувањето е закажано за 30 јули. Медиумите пренесуваат дека таа сега се наоѓа во куќа вредна 85 милиони финти во западен Лондон, каде ќе го чека сослушувањето. Принцезата Хаја е една од шесте жени на шеикот Мактум.

Латифа побегнала од својот татко минатата година со јахта. Медиумите пишуваат дека ќерката на шеикот не успеала да избега доволно далеку и дека набрзо потоа била фатена од страна на специјалните единици. Во моментов Латифа се наоѓа во затвор.

Пред да биде уапсена, Латифа снимила низа  снимки на кои изјавила дека нејзиниот живот е лага и дека постојано била изложена на измачувања.

Наводно уште како тинејџерка таа се обидела да побегне, па поради тоа две години минала во затвор. Кога принцезата Хаја слушнала дека шеикот е подготвен и неговата родена ќерка да ја смести во затвор, почнала да се плаши за својот и животот на нејзините деца.

Светските медиуми пренесуваат дека Хаја и Латифа не биле премногу блиски и поврзани една со друга. Дури не се сретнувале премногу често. Живееле во различни палати и немале заеднички пријатели.

Сè се сменило по посетата на поранешната ирска претседателка Мери Робинсон, која почнала да поставува прашања за враќањето на Латифа во Дубаи.

Scroll to Top