(Видео) Побегнатата кинеска докторка со нови докази дека Пекинг го создал коронавирусот во лабораторија

Кинескиот виролог Ли-Менг Јан има нови докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија во Кина. Таа вели дека новите докази што ги има нема да им се допаднат на властите во Пекинг.

Ли беше докторот што наводно се скри од властите поради страв за својата безбедност. Таа минатата година извршила некои од најраните истражувања за Ковид-19.

Сега таа повторно излезе во јавност за да потврди дека има научни докази оти Ковид-19 е произведен во лабораторија во Кина. Ли новите докази ги коментира во петокот минатата недела во интервју за британската емисија Loose Vomen.

На прашањето од каде потекнува смртоносниот вирус, кој усмрти повеќе од 900.000 луѓе во светот, таа криејќи се на тајна локација, преку видеоповик одговори дека тој е направен во некоја лабораторија во Вухан што ја контролира кинеската влада.

Таа тврди дека извештаите што светските влади ги продаваат во јавноста дека вирусот потекнува од пазарот за морски животни во Вухан се само димна завеса.

„Пазарот за месо во Вухан е само димна завеса и овој вирус можам да кажам дека не е природен“, изјавила Ли објаснувајќи дека нејзините информации ги добила од CDC во Кина од локални лекари.

Таа и претходно го обвини Пекинг дека лажел кога дознал за вирусот и дека сеопфатно се обидувал да ја уништи нејзината работа.

Таа изјавила дека поранешните нејзини надзорници во едно училиште во Хонгконг за јавно здравје, во референтната лабораторија на Светската здравствена организација, каде што таа работела, се обиделе да ја замолчат кога во декември се обидела да го пушти алармот за пренос на вирусот од човек на човек.

Во април Јан наводно побегнала од Хонгконг и отишла во Америка за да ја подигне свеста за пандемијата. Сега изјавила дека планира да објави научни докази за да му покаже на светот дека вирусот е создаден во лабораторија во Вухан.

„Секвенцијата на геноми е како човечки отпечаток од прст“, изјавила таа во емисијата.

„Врз основа на тоа можете да ги идентификувате овие работи. Јас користам докази за да им покажам на луѓето зошто овој вирус е настанат во лабораторија во Кина и зошто само тие се единствените на кои им успеа да го создадат Ковид-19“, изјавила таа.

„Кој било, па дури и ако нема познавање од биологија, е доволно да прочита и да провери, да идентификува и да верификува. Ова е критична работа за нас да ја знаеме за потеклото на вирусот. Ако не можеме да ја откриеме вистината, тоа ќе биде опасно за животот на сите нас“, изјавила Ли.

Таа додала дека ако не му ја каже вистината на светот, ќе зажали. Таа тврдела дека пред бегството од Кина, нејзините информации биле избришани од владините бази на податоци.

„Ги избришаа сите мои податоци“, изјавила таа тврдејќи дека луѓето се регрутирани за да шират шпекулации за неа дека лаже.

Директорот за вирусологија од Вухан, Хуан Џиминг, претходно ги негирал извештаите дека грешката случајно се раширила од неговиот објект.

„Нема шанси овој вирус да потекнува од нас“, изјавил Џиминг за државните медиуми во април.

 

Scroll to Top