Злогласниот јапонски канибал, Исеи Сагава, кој уби и изеде холандска студентка, почина на 73 години од воспаление на белите дробови. На погребот присуствуваа само членови од неговото семејство.
Сагава во 1981 година студираше во Париз каде ја запознал студентката Рене Хартевелт од Холандија. Ја поканил во неговиот стан, каде ја застрелал во вратот, ја силувал, а во наредните неколку дена ја изел. Остатоците од телото ги фрлил во шума. Откако полицијата го уапси го призна злосторот.
И покрај признанието, француските експерти го прогласија за неспособен за судење. Кратко мина во психијатриска установа, а потоа е депортиран во Јапонија. Таму е прогласен за разумен и дека има само карактерна аномалија по што било одлучено дека не му е потребна хоспитализација.
Така се најде на слобода и избегна затвор, иако извршил страшен злостор. Сагава не криел што направил, дури и се фалел во јавност. Подоцна го објави и романот „Во магла“, во кој детално го опишал убиството.
Иако не покажал ни трошка каење, Сагава станал ѕвезда и редовно давал интервјуа на локалните и странски медиуми. Се појавувал во магазини, како и во едно домашно видео, а продуцирал и стрип во кој го опишал злосторот на експлицитен начин. Последните години живеел со брат му, а наводно бил во инвалидска количка по шлогот што го доживеал.
Дека не ја изгубил желбата за канибализам и дека никогаш не се покајал, докажал и со интервјуата од 2013 и 2017 година. Додека гледал постер со Јапонки, за „Vice“ коментирал дека изгледаат многу вкусни.