(Видео) Починатите од коронавирус во Њујорк се погребуваат на остров

Беспилотни летала снимиле работници во затштини оддела како спуштаат ковчези во масовна гробница во градот Њујорк, каде секој ден расте бројот на починати како последица од коронавирусот.

На снимките се гледа како работниците користат скалила за да ги спуштат во големата јама ковчезите. Снимките се направени на островот Харт, место кое пред повеќе од 150 години биле погребувани граѓани кои немале роднини или чии семејства не можеле да си дозголат соодветни погреби.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, можно е на видеото да се гледаат ковчезци на лица починати од коронавирусот, иако засега официјалните власти немаат излезено со соопштение.

Според најновите податоци, во државата Њујорк забележани се повеќе случаи на коронавирус отколку во која било друга сојузна американска држава.

Бројот на заразени во Њујорк е пораснат за 10.000 лица во четвртокот и во моментов тој изнесува 159.937 лица, додека 7000 луѓе се починати.

 
Scroll to Top