(Видео) Покрај кулите близначки, плански била срушена и трета зграда

Еден од најпознатите теоретичари на заговор Дејвид Ајк тврди дека покрај кулите близначки, кои беа срушени во терористичкиот напад на 11 септември во Њујорк, плански бил срушен и трет објект, познат како зградата 7.

Ајк е познат и по неговите  налудничави теории дека со светот владее интердимензионална раса на влекачи. Тој долго време тврдел дека зградата 7 била плански срушена. Таа се наоѓала во непосредна близина на кулите близначки и паднала во 17:20 часот попладнето, шест часа откако биле срушени кулите.

Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) – агенцијата за Министерство за трговија на САД, донел заклучок во 2008 година дека тоа била првата висока зграда што се срушила поради пожар.

Сепак, во новиот извештај од истражувачите од Универзитетот „Алјаска Фербанкс“ се вели дека тоа е невозможно. Овие експерти изнеле шокантно тврдење до кое стигнале по четиригодишно проучување.

Тие преку компјутерско моделирање, финансирано од еден куп познати светски архитекти и инженери чија желба била да ја откријат вистината за 11 септември, заклучиле дека е невозможно зградата да биде срушена поради пожар.

Ајк вели дека ваквото тврдење го објавил во својата книга „Тригер“, која се очекува да излезе неделава. Во неа тој пишува за контроверзните заговори околу терористичкиот напад.

Ајк изјавил за „Дејли стар онлајн“ дека зградата 7 била уништена со планско и контролирано рушење.

„Во мојата книга цитирам низа изјави на инженери и архитекти кои во основа го кажуваат истото“, вели Ајк.

„Имавме огромен проблем со зградата 7, затоа што очигледно е дека запалениот канцелариски мебел никогаш не би ја срушил зградата. Доколку тоа беше случај, зградата 7 би останала до ден денес. Во овој случај излегува дека таа е единствената зграда со челична конструкција што е срушена поради пожар“, тврди Ајк.

Официјалната приказна на Владата е дека зградата 7 се срушила поради изгорениот мебел во некои од канцелариите. По терористичкиот напад, тогашниот американски претседател Џорџ Буш именувал комисија за да го истражи терористичкиот напад што се случил на 11 септември.

„Пожарот не би ја постигнал ни приближно доволната топлина потребна за дестабилизација на зградата. Па како комисијата составена да испита што се случило на 11 септември се соочила со овој проблем? Тие никогаш не ја ни спомнале оваа зграда во нивниот извештај“, вели Ајк.

„Имало толку испитувања на јавното мислење низ годините што повеќето луѓе немаат ни поим дека во наводниот терористички напад биле срушени три згради, а не само кулите близначки. Сепак, експертите за рушење ја отфрлија теоријата за контролирана експлозија на зградите“, вели Ајк.

Марк Лоизук, кој ја води една од водечките светски компании за рушење, Controlled Demolition Incorporated, изјавил дека биле потребни месеци за да се дизајнира и да се подготви таква структура за рушење.

„Тој процес на рушење е многу бучен. Нема начин да сокриете такво нешто. Ќе влезете внатре, ќе ги срушите сите ѕидови каде ќе го поставите експлозивот и тоа е тоа“, вели Марк.

„Количината воздух што ќе се помести лесно ќе ги скрши прозорците. Имаше многу скршени прозорци, главно низ урнатините. Но, не видов скршени прозорци на задните страни од зградата. Забележав само во деловите каде што беа паднати делови од едната кула врз зградата 7“, вели Марк.

Scroll to Top