(Видео) Принцезата Латифа објави снимка во која тврди дека семејството ја киднапирало и ја држи како заложник

Принцезата Латифа, ќерка на шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, објави нова снимка во која вели дека нејзиното семејство ја држи како заложник во семејната вила.

Латифи ѝ стана позната на јавноста кога во 2018 година се обиде да побегне од земјата. Во снимката, која наводно ја направила скришум во едно од бањите во вилата, открива за бегството што го планирала уште пред три години и како целиот тој план ѝ пропаднал.

Таа се обидела да побегне од своето семејство уште во 2018 година со брод преку Индискиот Океан, но присилно била вратена во Дубаи. Нејзиното семејство изјавило дека станувало збор за спасувачка мисија и дека криминалци ја киднапирале Латифа на бродот и барале пари за неа.

„На бродот на кој се наоѓав со мојата пријателка слушнавме звуци на чекори од луѓе што носеа чизми. Никој од екипажот не носеше чизми и така знаевме дека некој се има качено на бродот. Потоа следуваше пукање, а на крајот слушнавме викотници“, објаснува принцезата.

Латифа изјавила дека таа кобна ноќ, на 4 март 2018 година, кога се случило киднапирањето, со својата најдобра пријателка Тина Јаухијаинен заминале под палубата.

„Ја затворивме вратата, ги изгаснавме светлата. Потоа се скривме во бањата. Знаевме дека опасноста доаѓа“, изјавила таа на снимката.

Собата во која се криеле бргу се исполнила со дим. Биле принудени да излезат на палубата, каде што се соочиле со вооружените киднапери.

„Го вперија оружјето во нас. Упорно говорев дека не може да ме вратат, дека сакам азил и дека се наоѓаме во меѓународни води. Им велев дека не може да ме киднапираат, но никој не се грижеше за тоа“, додала принцезата.

Таа изјавила дека трипати ѝ бил ставен седатив, но продолжила да се бори со сите сили.

„Се борев до последен момент. Ме ставија на носила и ми ги врзаа нозете. Додека ме носеа во авион, се онесвестив“, се присетува таа.

Кога ја вратиле во Дубаи, принецзата ја ставиле во затвор. Латифа опишала и како изгледал затворот. Изјавила дека ја натерале да се истушира затоа што облеката ѝ била крвава. На снимката говори дека била претепана, дрогирана и затворена.

Од Обединетите нации соопштиле дека од властите на Обединетите Арапски Емирати го иницирале прашањето за апсењето на принцезата Латифа.

Познат шеик, кој бил моќен и влијателен човек и кој често можел да се види во друштво на некои шефови на некои моќни држави, меѓу кои и британската кралица Елизабета Втора, изјавил претходно дека принцезата Латифа е безбедна и дека таа се чувствува добро.

Нејзиното семејство изјавило дека сакаат да ја зачуваат нејзината приватност. Кога била вратена во Дубаи, Латифа наводно била држена во затворска ќелија, а потоа и во кралската вила, со решетки на прозорците и со чувари.

Како што изјавила на снимката, таа била држена како заложник во вилата за која „Скај њуз“ објави дека се наоѓа во близина на популарното туристичко место Џумерај Бич. Пријателите успеале скришно да ѝ донесат телефон, со кој таа ја направила најновата снимка.

 

Scroll to Top