Продолжува потрагата по малезискиот авионот кој со 239 патници мистериозно исчезна на 8 март 2014 година, додека леташе од Куала Лумпур до Пекинг. Боингот 777 исчезна од радарите додека летал над Индискиот океан. Оттогаш од него нема никаква трага ни глас.
Сепак, експертите веруваат дека со новата технологија, тие ќе можат да продолжат таму каде што застанаа последниот пат. Новата технологија, конечно би можела да помогне во решавањето на мистериозното ичезнување на малезискиот авион MH 370.
Станува збор за пробна нова технолоигија, која ги следи податоците од радио-сигналите на авионите и под вода. Извештајот од ширењето на слабиот сигнал WSPR, би можел да се искористи за точно да се пресмета крајната локација на патничкиот авион.
Пробите биле направени со користење на заборавениот систем WSPR, поставен во 2009 година, кој ја бележи секоја интеракција меѓу авионите на небото и сигналите кои се испраќаат на и од земјата
Шифрираните информации од секој сигнал, се склаидраат во базата на податоци на секои две минути, а се белжат и времето, локацијата и движењето на авионот. На тој начин се утврдува точното движење на авионот, што, во практика е многу тешко, затоа што во воздушниот простор има голем број на летала.
Кога исчезнал малезискиот авион, во базата на податоци имало околу 200 сигнали на секои две минути. Планот е сега со помош на тие белешки, да се утврди патувањето на летот, пред авионот да исчезне од радарот.
Британскиот инженер за авијација, Ричард Годфри, кој ги спровел овие проби, ја спореди оваа технологија со мрежата на невидливи детектори кои ги снимаат движењата на облаците.
„Замислете да чекорите низ рамнината на која има невидливи жици, кои ја покриваат целата област. Секој чекор кој ќе го направите, се забележува на жиците и така можеме да ја утврдиме вашата локација и патување додека се движите“, рече тој.
И покрај тоа што не е исклучена можноста малезискиот авион да ги активирал невидливите електронски надворешни жици, поради големиот промет во воздушниот простор во тоа време, тешко е да се утврди дали добиените резултати се од боингот 777.
Годфри, кој и понатаму трага за авионот, ја користел технологијата WSPR, за да го лоцира леталото на новозеландските воздухопловни сили „Орион“. Тој го следел патувањето на „Орион“ и успеал да фотографира остатоци од авионот во океанот, недолго по исчезнувањето на малезискиот авион.
Тогаш забележал нешто што личело на остаток од крило од боингот 777, но, тоа крило, никогаш не било пронајдено. Денес, многумина веруваат дека тоа би можел да биде делот од исчезнатиот малезиски авион.
Доколку претпоставката е точна, тоа значи дека новозеландскиот авион се наоѓал најблиски до последната позната локација на исчезнатиот малезиски авион MH370. Токму затоа фокусот ќе биде на „Орион“, за да се тестира новата технологија.
По неколку години неуспешна потрага, се разбуди и надежта дека со WSPR технологијата, ќе може да се дојде до некаков резултат во истрагата.
Роботичката фирма за морски истражувања Ocean Infinity, ја изведе последната потрага во 2018 година, во која учествуваа флота на подводни возила без екипаж.
Иако напредната технологија им дозволи да пребараат 50.000 квадратни милји морско дно, тие ништо не открија. Сепак откако се појави веста за успешните проби на ESPR, овие компании соопштија дека се подготвени да отпочнат уште една потрага.
Но, сметаат дека тоа може да биде изведено дури следната година или на почетокот на 2023 година. Годфри верува дека во базата на сигнали може да се кријат клучните траги за да се прецизира точниот пат на исчезнатиот авион, односно да се утврди каде тој точно паднал.
Ќе бидат потребни два месеци за да се дизајнира специјален софтвер, кој ќе ја пребарува базата во потрага за било какви траги кои потенцијално ги оставил исчезнатиот малезиски авион.
За потсетување, авионот со 239 патници на летот од Куал Лумпур кон Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година. Последните истражувачи сметаат дека пилотот направил неколку нагли движења за да ја збуни контролата на летање и да ги избегне радарските системи.
Докази дека пилотот извршил масовно убиство
Во морето на бројни теории за исчезнатиот авион, властите во Малезија никогаш не ја исклучија можноста дека пилотот е тој кој го намерно го срушил авионот. Со летаото управувал Захари Ахмад Шах, а официјалните лица иако го размислувале таквото сценарио, не го објавиле јавно.
Тие не сакале да ги изнесат своите ставови пред да ви видат податоците од црната кутија, и аудио-снимките од кокпитот, кои никогаш не беа пронајдени.
Властите се сомневале во Шах, затоа што тој имал симулатор за летање во неговиот дом, а откриено е и дека транспондерите на авионот биле исклучени брзо откако авионот го напуштил воздушниот простор на Малезија.
Властите се сомневале дека пилотот бил депресивен и дека сакал да се убие себе си, но и сите други кои биле во авионот. Тоа го сторил намерно, а авионот го однел на најисфрленото можно место, за да биде невозможно да биде пронајден.
Исто така се сомневале дека авионот направил големо свртување, многу брзо по полетувањето, тој свртел од рутата, а потоа се срушил во океанот. Делови од авионот бил најдени на францускиот остров Реунион, во Индискиот океан, на бреговите на Танзанија, Моамбик и Мадагаскар.
Теории дека авионот бил срушен
Се разбира, имало и теорија за вмешаност на Русите и дека авионот бил соборен, а и по седум години подоцна, се јавуваат новите претпоставки и заговори.
Француската новинарка Флоренс де Шанги, на почетокот на оваа година, во нејзината книга детално ја објаснила својата теорија дека авионот можеби е соборен.
Таа тврди дека малезискиот авион веројатно бил соборен од воен ловец или од нов вооружен систем, кој во тоа време се тестирал во регионот.
Како што вели таа, леталото не можело да го промени правецот и дека останало на својот курс 80 минути, сè до 2:40 часот утрото, пред да се сруши во Тајландскиот залив, во близина на Виетнам.
Во нејзината книга „Исчезнување: Невозможниот случај MH370“, пишува дека авионот пренесувал специфичен товар и дека персоналот остварил контакт со виетнамската контрола на воздушниот простор пред падот.
„Во тоа време се тестирал нов ласерски систем на вооружување. Соборувањето можело да биде последниот обид за да се спречи тој товар да стигне во погрешни раце“, напишала таа.
Од известувачки извори таа дознала дека два американски радарски авиони контактирале со пилотот на малезискиот авион во периодот меѓу 1:21 и 2:25 часот. Трето летало наводно стапило во контакт во 1:30 часот, пред екипажот да комуницира со воздушната контрола во Хо Ши Мин, објавувајќи дека авионот ќе почне да се подготвува за слетување.
Набрзо потоа е издадена порака дека мора вонредно да слета, затоа што кабината се распаѓала, пишува Флоренс во книгата.
Таа разговарала и со Питер Чонг, пријател на пилотот на малезискиот авион, кој летал над Тајландскиот залив, неколку дена по исчезнувањето на боингот.
Тој тврди дека екипажот му рекол да погледне низ прозорот од левата страна, каде имало спасувачки тимови.
Клучните 18 минути
Се смета дека мистеријата околу исчезнатиот малезиски авион, најверојатно никогаш нема да биде решена, затоа што од контролата на летот изгубиле секаков контакт со леталото во клучните 18 минути.
Кога изненадно исчзнал од радарот, само неколку секунди откако влегол во воздушниот простор на Виетнам, екипата од Малезија не успеала да забележи дека авионот исчезнал, затоа што имале многу работа, а сè додека конечно не забележале дека боингот го нема, тие претпоставувале дека виетнамската контрола на летање ги земала работите во свои раце.
Виетнамците забележале боинг на своите монитори, а потоа истиот го загубиле, но, според некои поедини извештаи, тие за тоа не ги известиле своите колеги од Малезија.
Минале цели 18 минути пред малезиската контрола да свати дека од радарот им исчезнал еден од авионите. Од Малезиската мрежа за безбедност во авио-сообраќајот, сметаат дека контролата над леталото биле превземена за време на летот, затоа што одредени промени можеле да се изведат само рачно.
Сепак, ништо не укажува на тоа дека некој можел, да речеме, упадне во кокпитот и да ја превземе контролата над авионот. Од анализата на податоци се заклучува дека авионот летал преку Индискиот океан пред да остане без гориво и многу брзо да се сруши во океанот.
Како и да е, поради дупката од 18 минути, случајот со малезискиот авион MH370 ќе остане можеби забележан како најголемата мистерија во историјата на авијацијата.