(Видео) Противникот на Трамп бил шпион на ЦИА кој работел на просторите во Југославија

By

Во американските медиуми се шират шпекулации дека противникот на Доналд Трамп на претстојните избори, Пит Бутиџиџ, инаку прв претседателски кандидат кој не крие дека е хомосексуалец, работи за ЦИА и дека бил поранешен оперативец на просторите во Југославија.

Со изборите во американската држава Ајова почна трката за место во Белата куќа, а се случи и големо изненадување во редовите на демократите. Додека, сосема очекувано, Трамп освои најмногу гласови кај републиканците, кај демократите прво на листата се појави името на Пит Бутиџиџ.

Сепак, на резултатите им претходеше скандал. Гласовите на демократите не беа пребројани на време, доцнеле, а подоцна се откри дека дошло до хакерски напад. Веднаш се појавија шпекулации дека ЦИА стои зад овој напад и го направила изборното фијаско само за да може Пит Бутиџиџ да ја однесе победата.

Брзо на „Твитер“ се рашири хаштагот #CIAPete. Пит Бутиџиџ демантирал дека работи за ЦИА, но во меѓувреме испливаа документи од неговата воена кариера во која очигледно е дека бил во известувачка тајна единица што работела во Авганистан, во соработка со ЦИА.

Единицата под надзор на Пит Бутиџиџ била подгрупата „ДЕА“, американска агенција која се занимава со наркотици и која е одговорна за катастрофалната војна против дрогата, која предизвикала хуманитарна катастрофа ширум Латинска Америка и поголемиот дел од светот.

Претходно во својата кариера Пит Бутиџиџ работел и за USEUSCO (United States Eurpean Command) како известувачки аналитичар. Во документите се говори дека Пит Бутиџиџ давал известувачки информации за USEUCO, НАТО, за распореденоста на единиците и другите команди, вклучувајќи ги и операциите во Африка и Југославија.

По две години од почетокот на својот градоначалнички мандат во Саут Бенд, Пит Бутиџиџ во 2014 година повторно бил повикан на должност, овој пат да служи во американската морнарица во Авганистан. Поминал шест месеци во Авганистан, каде ги спречил талибаните да тргуваат со дрога.

Сепак, на крајот Пит Бутиџиџ не може да се пофали со некаков успех, а талибаните тогаш ги произвеле најголемите опиуми во светот.

 

 

Ќе ви се допадне