На социјалните мрежи деновиве се појавија разни снимки од несреќата што се случи во Бејрут, Либан, на кои може да се забележи проектил како го погодува магацинот, од каде што избувна големата експлозија.
Многумина теоретичари на заговор сметаат дека таа не е последица на несреќни околности, туку дека некој намерно ја погодил со ракета. Кога ракетата го погодила магацинот, дел од градот беше уништен, а густ чад се надви над него.
Веродостојноста на снимките досега никој не ја потврди ниту, пак, ја демантира. Израел и Хезболах соопштија дека немаат никаква поврзаност со експлозијата во Бејрут.
Првичните резултати говорат дека небрежност е причина за експлозијата во Бејрут, а не напад со ракета, но конечни резултати сѐ уште нема.
Страшната експлозија се случи пред два дена во Берјут, Либан, а според досегашните информации, од експлозијата животот го загубија повеќе од 100 лица, а повредени се повеќе од 5.000 луѓе. Материјалната штета е многу голема, а градот е целосно уништен.
Либанските спасувачки екипи денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините, Либанскиот премиер, Хасан Дијаб, прогласи тридневна жалост.