(Видео) Робот направен од вонземјани се крие во Областа 51, тврди ловец на НЛО

Самопрогласениот ловец на НЛО Скот Ц. Варинг е убеден дека робот направен од вонземјани, висок 16 метри, се наоѓа во мистериозната Област 51, во САД.

Скот е убеден дека во строго контролираната воена база во Невада забележал нешто необично, додека го пребарувал тоа подрачје со помош на „Гугл“.

Тој тврди дека меѓу бројните згради се наоѓа и еден објект со чуден облик и дека станува збор за голем робот. Скот ги навел и координатите (37°13’26.26″N 115°49’2.37”W), прегледувајќи ја снимката на „Гугл“.

„Пронајдов темна фигура од околу 16 метри во Областа 51 и се чини дека постои уште една, од десната страна, но помала. Кога ги погледнав старите фотографии, од истата локација, забележав дека фигурата главно е поместена на страна и ја менува позицијата на секоја следна фотографија“, тврди Скот.

Бидејќи е љубител на приказните за НЛО и теориите на заговор, Скот смета дека оваа аномалија е уште еден доказ дека американските воздушни сили нешто кријат на ова место со години, или дека експериментираат со роботи кои би можеле да им бидат од корист во борбите.

Сепак, многумина на социјалните мрежи сметаат дека се работи за некаква зграда или сенка. Многумина мислат дека постои научно објаснување за вакво нешто.

Некои сметаат дека станува збор за пареидолија, психолошки феномен кога луѓето во одредени објекти гледаат нешто што не постои. Даваат смисла на нешто што го слушаме или гледано, а што всушност нема никаква смисла или значење.

Ова не е првпат Скот да се огласи на интернет, тврдејќи дека дошол до големи откритија за вонземјаните. Областа 51 секако и во иднина ќе остане една од најзаштитените области, не само во Америка, туку и во светот, а според многумина заговорници, фотографиите од базата покажуваат дека таму освен одредени објекти и машинерија, се наоѓа и терен за бејзбол.

Scroll to Top