(Видео) Руси, Кинези или НЛО, морнарицата на САД збунета од мистериозните објекти во морето

By

Членот на американскиот одбор за државна безбедност Марк Вокер побарал од американската морнарица да ги расветли случаевите со забележаните необични објекти во морето, за кои вели дека се движеле со целосна спротивност со законите на физиката.

Вокер побарал да се утврди дали тие објекти претставуваат опасност по националната безбедност на САД. Опсесијата по неидентификуваните необични објекти, доби конкуренција по претходната појава на неидентификуваните суперсонични објекти во морето.

Во извештајот на капетанот на американската морнарица е забележано дека се видени чудни објекти кои пркосат на законот на физиката и кои се движеле со хиперсонична брзина и тоа без видливи мотори. Тоа ги поттикнало официјалните американски службеници да побараат објаснување.

Член од одборот за безбедност Марк Вокер, напишал писмо до министерот на морнарицата Ричард Спенсер, барајќи од него дополнително да го расветли целиот настан. Дали станува збор за напредна руска или кинеска технологија, или пак е во прашање нешто друго.

„Загрижени сме поради тоа, мораме да дознаеме со што се соочува нашата морнарица“, изјавил Вокер за „Фокс“.

Пред две години, американската Влада признала дека своевремено покренала Напредна програма за идентификација на „НЛО“, која, наводно била укината.

Но, Пентагон повтри дека одделение и понатаму рутински ги истражува сите НЛО објекти, нагласувајќи дека неидентификувано, автоматски и не подразбира вонземјани.

 

Ќе ви се допадне