(Видео) Русија со Путин стојат за масовните нереди во Америка

By

Голем број теоретичари на заговор во Америка, сметата дека Русија и нејзиниот претседател на чело на земјата, Владимир Путин, се вмешани на некаков начин во немирите кои деновиве ја потресоа цела Америка. Некои од нив сметаат дека полицаецот кој беше одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, е таен руски агент

Мислењето со нив го дели и поранешната советничка за национална безбедност на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, Сузан Рајс, ја сомничи Русија за вмешаност во нередите во САД, без да наведе јасни докази за ваквите нејзини сомневања.

Ваквите теории веднаш наидоа на осуда од страна на врвот на Кремљ, од каде велат дека вмешаноста на Русија во масовните нереди во САД, се директна навреда, не толку за Русија, колку за сопствениот американски народ.

Ова го вели шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерација, Константин Косачов. Друг руски сенатор, Франц Кличевиќ, иронично праша, дека можеби полицаецот кој го уби Афроамериканецот, е руски таен агент.

„Се случи. Американската машина за лажни вести почна со одамна предвидената акција. Да не беше жалосно, ќе беше многу смешно, затоа што ова е првата ластовичка пред доаѓањето на јатото птици“, напишал Косачов на „Фејсбук“. Тој изрази и сочувство до сите семејства на настраданите, како и на оние кои во иднина ќе настрадаат.

„Изјавата на Сузан Рајс е директна навреда. Не толку за Русија, која нема никаква врска со оваа ситуација, колку за сопствениот народ и сеќавањата на американскиот граѓанин Џорџ Флојд“, додал сенаторот.

И сенаторот Франк Клинчевиќ смета дека верзијата за руската вмешаност во протестите во Вашингтон, е далеку од вистинита.

„Јас уште пред оваа изјава говорев дека Американците сигурно ќе го префрлат овој сериозен проблем на нас. Дека Русите го подготвиле ова сценарио кое се случува во Русија, па дури и дека полицаецот е некаков наш агент“, изјавил шефот на комитетот на Сојузот за федерација за одбрана и безбедност.

Ќе ви се допадне