(Видео) Русите повторно го отвораат случајот со загинатите планинари од 1959 година

Руската полиција повторно ќе го отвори случајот „Дјатлов премин“, со цел конечно да ги реши сите теории за мистериозната смрт на десетте планинари која се случила во 1959 година.

Станува збор за случајот со исчезнатите планинари кои во февруари 1959 година, преноќиле во камп под врвот на планината Урал, позната како Планината смрт. Водач на тимот бил тогаш искусниот планинар Игор Дјатлов.

Според неговото име е наречен кампот каде престојувале. Една ноќ, планинарите го напуштиле кампот и тргнале кон уралскиот венец, не знаејќи дека никој од нив повеќе нема да се врати назад жив.

Откако осумтте мажи и двете жени не се вратиле ни по две недели од планираниот датум, била подигната узбуна, а нивните тела подоцна биле пронајдени расфрлани по снегот, полуголи и боси.

Иако се претпоставува дека веројатно умреле од студ, тоа што ја предизвикало нивната смрт, останала голема мистерија до ден денес. Нивниот шатор бил исечен со нож од внатрешната страна. Потоа бил покриен со снег. Шаторот бил празен, а во него се најдени чизмите и облеката на сите членови на експедицијата.

На прв поглед изгледало како да заминале набрзина. До ден денес не е јасно зошто излегле голи на минус 30 степени.

„Нивната смрт некако е поврзана со природни феномени. Минаа 60 години откако се пронајдени нивните тела, во чудни позиции и со чудни нанесени повреди. Луѓето се желни за одговор. Што навистина се случило со нив“, изјавил Александер Куреној, портпаролот на руското обвинителство.

Постојат бројни теории за нивната смрт. За некои теории се смета дека се разни измислици. Самите Руси признаваат дека само меѓу нив постојат 75 теории за тоа што навистина се случило таа кобна 1959 година.

Обвинителството на Русија вели дека ќе се држат до три теории. Ќе се откажат од какви било кривични објаснувања со оглед на тоа дека не постои ниту еден доказ за такви верзии од приказната поврзани со какво било убиство. Од обвинителството се убедени дека планинарите биле усмртени од лавина, снежна плоча или ураган.

Scroll to Top