(Видео) Руски биолог предупредува на опасност од нови вируси

Рускиот биолог Кирил Шаршов смета дека вирусите од вечниот лед на Антарктикот, претставуваат нова и сериозна закана за човештвото. Според Шаршов, постои хипотеза која вели дека со глобалното затоплување, се топи ледот и на тој начин се одмрзнуваат древните вируси.

Како што тврди Шаршов, сега е период во кој сите зборуваат за коронавирусот, но можно е истиот тој да бил и претходно активен, но системите за тестирање да не го приметувале.

Постојат вируси кои се во животните, но не се опасни за луѓето. На пример, вирусот кој предизвикува бронхитис кај птиците. Постојат и други респираторни вируси кои ги инфицираат животните и кои можат да се пренесат на луѓето. Опасни се и беснилото и енцефалитисот. Но, за нив потребно е животното да ве касне, вели Шаршов.

Денес постојат сите актуелни вируси кои се пренесуваат преку инсектите во тропските предели, но поради глобалното затоплување, тие се поместуваат во северните краеви.

„На пример, вирусот грозница на западен Нил, е различен вид на маларија која во нашите краеви ја пренесуваат комраците“, вели Шаршов.

Од новиот вирус досега во светот се заболени повеќе од еден милион и 780 луѓе. Починати се повеќе од 108.000, а оздравеле повеќе од 400.000.

Scroll to Top