(Видео) Руски милионер пронајден мртов во базенот во неговата викендичка

Рускиот милијардер Јуриј Воронов бил пронајден мртов во неговата викендичка во богато предградие во Санкт Петерсбург, околу два часот попладнето во понеделникот. Воронов бил застрелан во глава, пренесуваат медиумите.

Тој ја водел транспортната компанија која имала контакти со „Гаспром“. Воронов е основач и извршен директор на транспортно-логистичката компанија „Астра шипинг“ специјализирана меѓу другото за договори со „Гаспром“ на Арктикот.

Јуриј бил пронајден како плови во базенот на неговата вила со куршум во глава. Покрај него бил најден пиштол и неколку испукани куршуми на дното на базенот, пренесува „Дејли мејл“.

Јуриј е шестиот во списокот на Руси кои умреле, а трет во истото предградие во Сант Петерсбург  кои умреле под мистериозни околности. Многу од нив биле поврзани со „Гаспром“.

Руската истражна комисија ја истражува неговата смрт, а во моментов се сомневаат дека настанала поради кавга со неговите деловни партнери. Неговата партнерка, како што пренесе gazeta.ru, на полицијата им кажала дека тој го напуштил градот на 1 јули.

Таа напоменала дека претходно се опивал околу две недели. Таа додаде дека нејзиниот сопруг почнал да пие пред да изгуби голем број пари поради несогласувањата кои ги имал со изведувачите и неговите партнери.

Жена му им пријавила на истражителите дека верувал дека бил измамен откако неговите нечесни партнери му проневериле голема сума пари. Како што пренесе secretmag.ru, Astra-Shipping во 2020 година завршила со губиток од 95 милиони рубли, а во 2021 со 65 милиони рубли.

Судско-медицинското вештачење прелиминарно покажало дека во Воронов било пукано од непосредна близина. Проценето е дека времето на смртта се случило меѓу 00:00 и 5:00 часот на 4 јули. Истражителите испитуваат кој е сопственик на пиштолот.

Според снимките од безбедносните камери кои ги прегледала полицијата, никој не влегол ниту излегол од куќата на 1 јули. Воронов е шестиот Рус кој починал под мистериозни околности од почетокот на годината. Многу од нив биле поврзани со „Гаспром“.

Бројот на смртни случаи во ова предградие (ова е трета смрт во истото предградие) предизвика да се појават шпекулации дека убиствата се наместени за да изгледаат како самоубиства.

Александер Тулаков (61), висок функционер на „Гаспром“ за финансии и осигурување, бил пронајден мртов во својот дом во февруари.

Истражителите објаснија како се убил, а локалните извештаи покажале дека на неговото тело имало знаци дека бил претепан, сугерирајќи дека вештачењето било исценирано.

Три недели претходно, шеесетгодишниот Лионд Шулман бил најден мртов, избоден во својата бања. Шулман бил шеф на транспорт во „Гаспром инвест“, огранок на енергетскиот гигант кој е задолжен за инвестициски проекти.

Билионерот Александер Суботин, некогашниот виш функционер во енергетскиот гигант „Лукоил“, исто така бил пронајден мртов во мај, откако го послушал советот на шаман. Една од теориите е дека бил отруен со отров кој предизвикувал срцев удар.

Во април богатиот Владислав Авајев (51) поранешен официјален претставник на Кремљ, се утврдило дека се убил, откако претходно ги убил сопругата Јелена (47) и ќерката (13). Тој бил силно поврзан со водечката руска финансиска институција „Гаспромбанк“.

Неговите пријатели ги оспорувале извештаите дека бил љубоморен откако неговата сопруга му признала дека останала бремена со нивниот возач. Тие тврдат дека имал пристап до финансиските тајни елити на Кремљ.

Неколку дена подоцна мултимилионерот Сергеј Протосењ (55) бил најден обесен во Шпанија, откако со секира ја убил неговата жена Наталија (53) и нивната ќерка, тинејџерката Марија. Тој бил висок заменик-директор на „Новатек“, компанија блиска до Кремљ.

Како и кај Авајев и тука се работи за ликвидација која е исценирана да изгледа како убиство и самоубиство. Минатата недела мултимилионерот кој се занимава со мобилни телефони и неговата сопруга биле избодени до смрт.

Јевгениј Палант (47) бил пронајден гол, исто како и неговата сопруга Олга (50), и двајцата со потекло од Украина. На нив биле забележани видливи повеќекратни рани направени со нож. Веднаш почнале медиумите да известуваат како Олга си го одзела животот поради љубомора.

Тие известуваа дека таа се самоубила затоа што Палант ѝ рекол дека ќе ја остави. Ова било жестоко оспорено од страна на неколку негови најдобри пријатели, пренесува „Дејли мејл“.

Scroll to Top