(Видео) Руски олигарси и криминалци переле пари со амин на светските западни банки

Руски олигарси и криминалци ги користеле светските банки во големите земји за да ги префрлаат своите пари на Запад, пренесува Би-би-си. Документите што излегоа во јавноста откриваат дека светските банки им дозволувале на криминалците да префрлат повеќе од милијарда долари.

И покрај предупредувањето од регулаторите, најголемата британска банка, сепак, ги дозволувала ваквите трансакции, пренесува inews.co.uk. Владите на државите во кои биле извршени ваквите сомнителни трансакции, тајни зделки, перење пари и финансиски криминал молчеле цело време.

Светскиот скандал го открија истражувачите вработени во централната банка во САД преку мрежата за истражување финансиски криминал. Претходно, светските банки до нив испратиле повеќе од 2.500 документи за трансакции во периодот од 2000 до 2017 година.

Со овие документи се покажало дека најголемата британска банка ХСБЦ им дозволила на измамници да префрлат повеќе милиони долари украдени пари од целиот свет.

Американскиот „Џеј Пи Морган“ ѝ овозможил на друга компанија да префрли над милијарда долари преку сметка во Лондон, без да знае кој е сопственик.

Банката подоцна открила дека е можно компанијата да е во сопственост на мафијаш од списокот на ФБИ на десетте најбарани мафијаши.

Списокот е проширен и со други светски банки. Документите излегоа во „Базфид њуз“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји.

Единствено што засега се знае е дека овој скандал може да влијае на националната безбедност на повеќе држави.

Scroll to Top