(Видео) Русокосиот ќе гo победи човекот со седа коса, познати пророци предвидоа како ќе заврши војната во Украина

Целиот свет со нетрпение го чека епилогот од ситуацијата во Украина, но ако погледнеме во минатото можеби некои од одговорите веќе ги имаат дадено српските пророци познати како Тарабиќ од Креман.

Тие не се единствените што ја предвиделе оваа војна. Баба Ванѓа во своите предвидувања за 2022 година наводно го споменела и рускиот претседател Владимир Путин.

Бугарската пророчица по потекло од Македонија, а за која се верува дека предвидела многу настани, имала предвидување и за оваа година.

Машинскиот инженер и автор на книгата „Кремското пророштво“, Драган Пјевиќ, и етнологот Јасна Јоиќ, во емисијата „Пулс Србија“ на телевизијата „Курир“, на водителите Милица Марковиќ и Милош Анѓелковиќ има кажале што предвиделе древните пророци за 2022 година и за украинската криза.

„Да речеме дека Креманското пророштво е едно од трите најголеми светски пророштва. Има висок меѓународен рејтинг и тоа му дава на тежина. Се занимава со светски и локални настани и судбини на држави. Со 100 % сигурност знам дека секој американски генерал има преведено книга од Креманското пророштво. Токму ова што се случува во Украина може да се види и во книгите на Креманското пророштво. Јас ја почитувам баба Ванѓа, но невозможно е таа да ја има предвидено секоја година. Во книгата стои дека Русија ќе стане најмоќната сила на светот и дека сите ќе се борат за нејзиното пријателство“, рече Пјевиќ.

Јовиќ рече дека Нострадамус во 16 век предвидел оти во 2022 година русокосиот ќе го победи човекот со седа коса алудирајќи на Владимир Путин и Џо Бајден.

„Радозналоста што се наоѓа во тие пророштва ги интересира луѓето. Ние точно можеме низ историјата да видиме кога кое пророштво настанало, сите народи си имаат свои пророци. Нострадамус во 16 век ги предвидел случувањата за оваа година за разлика од баба Ванѓа и Тарабиќ. Тој рекол дека во 2022 година русокосиот ќе го победи човекот со седа коса, што може да се толкува и дека Путин ќе го победи Бајден, а дека Франција со својата милост ќе одреди колкава ќе биде штетата што русокосиот ќе му ја нанесе на човекот со седа коса“, рече Јоиќ.

Scroll to Top