(Видео) Сателит на НАСА ја реши мистеријата со Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник, познат исто како и „Ѓаволскиот триаголник“ се наоѓа во регион во Северно Атланскиот океан, каде исчезнале голем број на авиони и бродови. Денес научниците во НАСА веруваат дека благодарение на снимките кои ги направиле со нивен сателит, ја решиле вековната мистерија со Бермудскиот триаголник.

Сателитот на НАСА „Тера Модис“ се движи околу 720 километри над Северниот Атлантик. Сателитот снимил облаци над крајбрежјето, односно 240 километри од брегот на Флорида, веднаш на Бахамите. Метеоролозите во НАСА велат дека забележале нешто чудно во врска со тие облаци.

Анализирајќи ги снимките, тие забележале низа облаци во облик на шестоаголник. Распонот меѓу нив се движи од 32 до 88 километри и тоа за метеоролозите не е толку интригирачко, но велат дека локацијата е таа што го прави оваа појава фасцинантна.

Доктор Ранди Сервени, метеорологот од Универзитетот во Аризона, ја објаснил оваа аномалија.

„Оваа сателитска снимка е навистина бизарна, особено шестоаголниот облик кој го формираат облаците. Со помош на денешните радари, можеме да ги откриеме работите, кои претходно, едноставно не сме можеле да ги разбереме“, вели Сервени.

„Овој вид на шестоаголник над океанот, во суштина претставува воздушна бомба. Овие облаци се формираат во ваков облик со помош на она што се нарекува микро бурен воздух, експлозија на воздухот кој излегува од дното и потоа удира во океанот, создавајќи бранови кои стануваат поголеми во интеракција едни со други.

Научниците претпоставуваат дека овие воздушни бомби можеби се доволни за да ги превртат чамците или авионите. Уште една сателитска снимка која доаѓа од Велика Британија, може да помогне и обајсни што навистина се случува под овие облаци.

Одговорот се наоѓа на оддалеченост од 7200 километри на другата страна од океанот, во близина на Северното море, покрај брегот на Велика Британија. Оваа сателитска снимка покажува повеќе шестоаголници, кои се простираат на 90.000 квадратни километри. Отприлика со големина на Ирска.

Снимката направена со радар, открива дека нивото на морските ветрови изнесува речиси 160 километри на час. Тоа е доволно моќно за да создаде бранови високи преку 15 метри. Научниците веруваат дека силните ветрови забележани во Северното море постојат и под шестоаголните облаци над Бахамите.

Низ годините, проблемите со компасите се наведени како еден од главните причини за можните исчезнувања. Иако некои сметаат дека во тоа подрачје постојат необични локални магнетни аномалии, докази за тоа не се пронајдени. Компасите имаат природни магнетни варијации, во однос на магнетните полови, факт за кој навигаторите знаат со векови. Но, јавноста не е толку известена за тоа и мисли дека постои нешто мистериозно во тоа што компасот се менува на голем простор како што е Бермудскиот триаголник, нешто што научниците сметаат дека е сосема природна појава.

Scroll to Top