(Видео) Северниот Пол забрзано се доближува до Сибир, предупредуваат научниците

Земјеното магнетно поле забрзано се менува, па Северниот Пол се повеќе и побрзо се оддалечува од Канада и се насочува кон Сибир. Поради тоа, светскиот магнетен модел, наместо во 2020 година, како што било планирано, ќе биде ажуриран на 30 јануари оваа година.

Северниот магнетен пол минатата година ја надмина меѓународната временска граница со брзина од 55 километри годишно, што е трипати побрзо отколку што се движел пред 1990 година. Иако не е позната точната причина поради која тоа се случува, научниците претпоставуваат дека причината за поместувањето е големиот слој на течен метал под Канада.

Фил Ливермор, геомагнетичар од Универзитетот во Лидс, истакнал на состанок со американските геофизичари дека положбата на северното магнетно поле зависи од двете големи магнетни полиња, едното под Канада и другото под Сибир.

„Како што стојат сега работите, Сибир го добива натпреварот“, заклучува Ливермор.

Во најлошото сценарио, поради огромните забрзувања на Земјиното магнетно поле, истото би можело да се помести, па така Северниот Пол да стане Јужен, а Јужниот Северен. Тоа би можело да ја уништи глобалната електрична мрежа, а животот на површината на планетата да биде изложен на големи количини на сончево зрачење.

Доктор Филип Ливермор: Северниот Пол се движи кон Сибир

Геофизичарот Споменко Михајловиќ за „Спутник“ истакнува дека поместувањето на половите не е драматично и дека забрзувањето на магнетното поле не е невообичаена појава.

„Забрзувањето покажува дека векторот на магнетното поле на Земјата е динамичка категорија и дека се менува на дневно ниво. Условено е со ексерни извори, како што е магнетното поле на Сонцето, како и внатрешни извори. Постојат и таканаречени секуларни промени, кои траат 100 и повеќе илјади години, и таканаречни реверзии на вектерот на магнетното поле на Земјата“, наведува тој.

Михајловиќ прецизира дека движењето на магнетното поле на Земјата, односно отстапувањето на оската која минува низ северниот и јужен географски пол и оската која минува низ северниот и јужен магнетски пол изнесува околу 11,5 степени. Тоа отстапување врши поместување на таканареченото магнетно поле на Земјата, а на основа на тоа се одредуваат и геомагнетските координати за навигација.

На основа на светскиот магнетен модел, се подесуваат сите навигации, од гугл-мапите на паметните телефони до бродските системи, а светскиот магнетен модел се ажурира на секои пет години, за современетата навигација да ги следи промените во Земјиното магнетно поле.

„Магнетното поле некогаш се поместува побрзо, некогаш побавно. Мерењата непрекинато се вршат во Гроцка во геомагнетскиот завод, каде што ги забележуваме измените од секунда во секунда. Собирањето податоци е забележано во опсерватории ширум светот, каде што се прават интернационални геомагнетски модели“, наведува Михајловиќ.

Доколку станува збор за нормална фаза, поместувањето на осите изнесува околу 2,5 километри годишно. Тоа сепак може и да се забрза под влијание на внатрешните и надворешните промени.

„Тие поместување можат да влијаат на промените на климата на индиректен начин затоа што магнетското поле влијае на целиот жив свет, па така влијае и на нашата атмосфера. Исто така, луѓето кои се хиперсензитивни, метеоропати, чувствуваат промени на директен начин. Инаку, сите ги чувствуваме во зависност од нашите психо-физички параметри.

На прашањето дали ова рапидно забрзување на магнетното поле може да биде предизвикано и од проектот ХААРП, Стефановиќ објаснува дека таа програма пред сè се однесува на испитување на јоносферата и магнетосферата, но не ја исклучува ни можноста за злоупотреба.

„На основа на голем број антени што се наоѓаат на Алјаска, се прават опсежни истражувања. Инаку, во нашата опсерваторија во Гроцка веќе 50 години се истражува јоносферата. Сакам да кажам дека истражувањето на јоносферата, по која било програма, вклучувајќи го и ХААРП, само по себе не значи дека влијае на магнетното поле“, вели Михајловиќ.

Сепак, ХААРП во сферата на теории на заговор може да стане и опасно оружје, кое покрај климатските, може да предизвика и големи промени на магнетното поле, како и поместување на половите.

„Но, не е тоа единственото орудие што може да се злоупотреби за напад на магнетното поле на Земјата. Десет пати посилно е магнетното поле на Сонцето, кое со силните сончеви ветришта и огромната брзина на честичките може да предизвика глобални промени. Но токму нашето магнетно поле нè штити од влијание на друго магнетно поле“, објаснува Михајловиќ.

Иако повеќепати се обидувале да ја згаснат, програмата на ХААРП и понатаму постои. Само се менуваат пртнерите, односно оние кои учествуваат во тој глобален проект.

ХААРП е истражувачки проект што ги контролира процесите во јоносферата кои можат да го изменат влијанието на комуникациските и системите за надгледување. Опремата за проектот на Алјаска ја прават огромен број на радиотрансмитери, со огромни сили и одговарачки инструменти за детекција, 180 антени со огромна сила и 6 генератори кои секојдневно емитуваат повеќе од 3 000 000 волти.

Основната цел на проектот се изучување на феноменот за поларна светлост и радиокомуникација. Со проектот управува Универзитетот Алјаска, Американското воено воздухопловство и Воената морнарица на САД.

Земјата се поместува, Северниот пол бега од Канада и цели кон Сибир

Scroll to Top