(Видео) Силна и необична светлина над Москва ги исплаши руските граѓани

Жителите на Москва, Омск и на Белогрод преку социјалните мрежи објавија дека во вторникот вечерта на небото забележале необична светлина, која ги вознемирила сите.

Многумина тврдат дека светлината, која можела да се види речиси од сегде, се движела во правец од земјата кон небото. Засега не е познато за што станува збор, а на социјалните мрежи се пишуваат само шпекулации и претпоставки.

Некои аналитичари објаснуваат дека станува збор за активно попречување на извидувачките сателити со ласерски експеримент „Пересвет“, со кој Русија може да ги заслепи извидувачките сателити на 1500 километри височина.

Првпат е употребено во 2018 година на иницијатива на претседателот Путин. Наводно има пет вакви системи, кои се распоредени на територијата на цела Русија.

Scroll to Top