(Видео) Снимен дух во вилата на Пабло Ескобар

Неколку секунди пред да биде срушена вилата на најпознатиот наркобос во светот, Пабло Ескобар бил снимен дух како се шета низ ходниците. Работниците кои биле задолжени за рушењето велат дека забележале бела силуета како се движи низ ходникот и во една од собите.

Колумбиските власти годинава донесоа одлука вилата на Ескобар целосно да биде срушуна. На ова место светскиот наркошеф и неговото семејство живееја во периодот во 80-те години. Работниците кои ја забележале необичната појава велат дека користени се 375 килограми експлозив за целосно рушење.

Додека го поставувале експлозивот се исплашиле од необична бела силуета, која минувала меѓу прозорот и големиот влез. Тие велат дека истата исчезнала и одлетала кон небото во моментот кога бил активиран експлозивот и зградата се срушила.

Голем број корисници на социјалните мрежи коментираат дека станува збор за силуета дух, а некои тврдат дека станува збор за духот на самиот Ескобар. Други, пак, велат дека станува збор за работник кој се нашол на погрешно место во погрешно време.

 

 

Scroll to Top