(Видео) Сноуден во емисија ги откри тајните на ЦИА и поврзаноста на САД со вонземјаните

Поранешниот агент на Централната американска известувачка агенција (ЦИА) и соработник за Национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, за време на гостувањето во емисијата на Џо Роган откри дека американската војска нема никакви податоци за присуство или каков било контакт со вонземјани.

Сноуден преку видеолинк, од непознато место во Русија, објасни дека американската војска или кој било од највисокиот врв во политиката или американските известувачки сили не остварил никаков контакт со вонземјани.

„Не постојат докази за каков било живот надвор од планетата Земја. Не постојат вонземјани. Џо, знам дека ти би сакал да постојат, знам дека научкнкот Нил Деграс Тајсон многу би сакал да види вонземјани. И веројатно ги има. Но, идејата дека ние ги криеме е неточна. Имав неверојатен пристап до мрежата на НСА, ЦИА, војската и сите тие групи. Не можев да најдам ништо за тоа. Ако се кријат, тогаш тие информации се многу добро сокриени и од луѓето кои се во тие групи“, вели Сноуден.

На прашањето зошто луѓето веруваат во теории на заговор, Сноуден одговорил дека на тој начин тие веруваат дека животот има некаква смисла.

„Тоа ни помага да мислиме дека сè е под контрола, дека има некој кој мисли на нас и носи важни одлуки“, вели Сноуден.

Сноуден во 2013 година го разоткри американското шпионирање на своите граѓани, но и на луѓето во странство. Мораше да побегне од земјата. Владата на САД го прогласи за шпион и предавник и му го повлече пасошот. Сноуден од тогаш е во Русија. Според него, ситуацијата со шпионирањето сега е многу полоша, затоа што сите користат паметни телефони.

Scroll to Top