(Видео) Со коронавирусот нема шега, но многу поопасни вируси чекаат во заседа, тврди руски биолог

Рускиот биолог Кирил Шаршов смета дека вирусите замрзнати во вечниот лед претставуваат сериозна закана за човештвото. Според Шаршов, постојат хипотези дека со глобалното затоплување и со топењето на ледникот овие древни вируси ќе се одмрзнат и ќе се ослободат.

Шаршов вели дека сега е актуелно да се говори за коронавирусот, но можно е овој вирус да бил активен уште многу порано, но системите за тестирање да не го забележувале.

Постојат вируси кај животните, кои не се опасни за луѓето, смета тој. На пример, вирусот кој предизвикува бронхитис кај пилињата. Постојат и други респираторни вируси, кои ги инфицираат животните и кои може да се пренесат на луѓето.

Најопасни се беснило и енцефалитис. Но, за такво нешто потребно е човекот да биде гризнат, а освен тоа, постои и вакцина против овие болести.

Денес стануваат актуелни вирусите што се пренесуваат преку инсекти во тропските предели, но поради глобалното затоплување, тие се поместуваат во посеверните краеви.

„На пример, вирусот западен нил, разните видови маларија, кои во нашите краеви ги носат комарците“, смета Шаршов.

Досега во светот од новиот коронавирус се заболени повеќе од еден милион и 780 илјади лица, а починати се повеќе од 108.000, додека оздравени се повеќе од 400.000.

Стотина вируси заспани милиони години, пострашни од Ковид-19, се подготвени да бидат ослободени

Scroll to Top