(Видео) Сондата на НАСА открила необичен радиосигнал во атмосферата на Венера

By

Сондата на НАСА, „Паркер“ за време на блискиот прелет покрај Венера во јули 2020 година открила невообичаен радиосингал, пренесуваат медиумите. Сондата се наоѓала на само 833 километри над површината на планетата, кога го примила радиосигналот со ниска фреквенција.

За оние кои помислиле дека се работи за радиосигнал од некоја вонземска цивилизација, која се крие под облаците на таа планета, следи разочарување, велат експертите од НАСА. Радиосигналот е со природно потекло, но тоа не значи дека не е интересен за следење.

Ова откритие потврдува дека циклусите на нашата ѕвезда влијаат на атмосферата на Венера. Ова е првпат по речиси три децении некое вселенско летало да успее да забележи директно мерење на горниот дел од атмосферата на Венера.

Податоците треба да ни дадат ново разбирање за тоа како Венера се менува поради цикличните промени на Сонцето, велат од НАСА.

„Бев возбуден кога ги примив податоците за новите податоци за Венера“, изјавил астрономот Глин Колинсон од институтот на НАСА, „Годар спејс флајт центар“, а пренесува Science Alert.

Венера е фасцинантен свет за нас Земјаните. По големината и составот многу наликува на нашата планета. Таа има дури и атмосфера. Од друга страна, станува збор за отровно и пеколно вжарено тело, на кое нема никакви шанси за развој на живот каков што ние го познаваме.

Од НАСА немаат направено многу мисии на оваа планета. Нема многу смисла да се испраќаат ландери или ровери, затоа што не се во можност да издржат на површината на која има 462 степени.

Проблематично е и слетувањето на леталото во орбитата на Венера, поради нејзините неверојатни густи облаци полни со јаглерод диоксид и сулфурна киселина. Иако Венера не е најблиската планета до Сонцето, таа позиција ја држи Меркур, сеедно е најтопла.

Нејзината густа атмосфера полна со стаклени гасови ја заробува и задржува топлината, па таа на површината е пожешка од Меркур. На неа металите како оловото се топат и стануваат бари со стопена метална течност.

Сондата „Паркер“ покрај Венера се нашла сосема случајно, односно нејзината мисија немала никаква врска со таа планета. Сондата била испратена да ги истражува мистериите за нашето Сонце. Притоа ја користела гравитацијата на Венера, за да ја промени брзината.

На еден од тие прелети, инструментите на сондата забележале раидосигнал. Колинсон забележал нешто необично внатре во сигналот, но не можел веднаш да сфати за што станува збор.

„Кога се разбудив едно утро си помислив ‘Господи, знам што е ова”“, изјавил Колинсон.

Сличен сигнал бил забележан од сондата Галилео, којга минувала низ јоносферата на месецот на Јупитер, слој на атмосфера, кој исто така го има и на Земјата, но и на Марс. Јоносферата е јонизован слој во атмосферата на некои планети.

Кога научниците сфатиле за каков сигнал се работи, го искористиле за пресметување на густината на јоносферата на Венера и ги споредиле податоците со последните диркетни мерења од 1992 година. Тие откриле нешто интересно, јоносферата во новите мерења била поретка.

Експертите сметаат дека овој процес е поврзан со соларните циклуси. На секои 11 години сончевите полови ги заменуваат местата, југот станува север, а северот станува југ.

Не е јасно што ги покренува тие циклуси, но знаеме дека половите се менуваат кога магнетското поле на нашата ѕвезда е најслабо. Бидејќи соларните активности како сончевите дамки (привремени региони на силни магнетни полиња) или коронално исфрлање на маса (исфрлање на плазма) зависат од сончевото магнетно поле, овие фази се нарекуваат соларен минимум и соларен максимум.

Мерењата на Земјата покажале дека јоносферата на Венера се менува синхронизирано со соларни циклуси, станува погуста со соларниот максимум и поретка со соларниот минимум. Сепак научниците тоа не можеле да го потврдат без директни мерења.

Затоа ова откритие е толку интересно. Мерењата од 1992 година направени се во време на соларен максимум, а мерењата во 2020 година во близина на соларен минимум. Двете мерења биле во согласност со мерењата на Земјата. За ова постојат две објаснувања.

Засега не е јасно зошто соларниот циклус има такво влијание на јоносферата на Венера, но постојат две водечки теории. Една е дека горната граница на јоносферата за време на соларниот минимум се спушта на ниска надморска височина, што го спречува протокот на јонизирани атоми од дневната на ноќната страна, а што, пак, резултира со поретка ноќна јоносфера.

Според друга теорија, јоносферата на Венера за време на соларниот минимум брзо истекнува во вселената. Податоците од сондата Паркер не можат да исклучат ниту еден од овие механизми, но научниците се надеваат дека за време на идните мисии и набљудувања ќе можат да разјаснат што точно се случува.

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv anime tv: Watch Naruto (Dub) Episode 148

AnimeFreak kiss anime freak: I Shaved. Then I Brought a High School Girl Home. Episode 5