(Видео) Сорос го руши Трамп, објавена тајна снимка

Џорџ Сорос планира да го сруши Доналд Трамп од претседателското место на Америка, се вели во снимките кои ги објавил „Проект Веритас“. Во серијата на тајните снимени видео записи, се открива намерата на левичарските организции како Antife да го срушат Трамп. На нив се слушаат и крајните леви демократи, како  се фалат со финансирањето од страна на Џорџ Сорос, пишува српски Курир.

Том Стејер, човекот кој неуспешно се борел за претседателската номинација на Демократската партија за 2020 година и либералниот финансиер Џорџ Сорос, се именувани за финансиски доприноси во новиот видео клип Refuse Fascism, организации посветени на тргање на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајкл Пенс од нивните должности.

Енди Зи, национален организатор на групата, за време на седуминутното видео го споменува Стејер, кој не сака да биде директно поврзан со групата, поради неговите политички амбиции. Неговата поврзаност со групата би можела да ја загрози неговата политичка кариера.

Зи вели дека групата е во комуникација со помошникот на Стејер и главниот советник за изгласување недоверба на претседателот.

Зи исто така споменува дека во оваа група се вклучени и поранешни вработени во претседателската кампања на Хилари Клинтон од 2016 година.

На снимките е прикажана тајната задача на Ти Стерн, шефот на огранокот на оваа група во Атланта, кој е на вечера заедно со новинарите на „Проект Веритас“. На снимките се открива како грубата добила грант во износ на материјални, финансиски средства, кои поединецот или организацијата ги доделува за корисничка работа за реализација на некаков проект, од страна на контроверзниот милијардер Џорџ Сорос.

Исто така се споменува и Силицијумската долина како главен извор на приходите на оваа група. Подоцна Стерн повикува илјада луѓе, потоа милиони луѓе, да излезат на улиците и да делуваат како разорна сила, сè додека претседателот не ја напушти функцијата.

Третото видео во низа на „Проект Веритас“, кое требало да ја разоткрие левичарската организација како Refuse Fascism и Antifа групата која стои зад, или се барем дел од големит број на протести кои се случуваат во САД.

Refuse Fascism е група која сè повеќе и повеќе го привлекува вниманието на конзервативците. Авторот и режисерот Динеш Д’Соуза ги опишал како дел од лево ориентираните паравоени сили.

„Левица ја распореди својата паравоена единица. Буквално имаат паравоени сили на улиците. Тоа не е само Антифа. Тука се и останатите групи Refuse Fascism, Black Lives Matter и други“, изјавил Д’Соуза. Овие тајни видео сними ги прикажуваат припадниците на Antifa како промовираат насилство и борбени обуки за престојните протести.

Scroll to Top