(Видео) Судијата по секоја цена сака да го осуди Џулијан Асанж

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, полека ја губи битката со властите на САД, пишуваат британските медиуми. Асанж денес се појавил во британскиот суд и со неговиот правен тим не успеал да го одложи судењето за да имаат повеќе време да се подготват за случајот.
Асанж во судот се појавил ослабен и изнемоштен. Тој не успеал да ја убеди судијата Ванеса Барајтсер да му го одложи рочиштето. Изјавил дека неговиот случај е неправеден, затоа што владата на САД има неограничени ресурси, додека тој нема лесен пристап ни до адвокатите ни до документите кои му се потребни во борбата против испорачувањето.

„Тие ги имаат сите предности“, навел 48-годишниот Асанж во своето образложение пред судот.
Американските власти го бараат Асанж за објавување на десетина илјади тајни владини документи, преку својот сајт „Викиликс“. Власите во САД го товарат Асанж за ковање заговор со поранешната аналитичарка за воено известување Челзи Менинг и за упад во компјутерските податоци во Пентагон.
Обвинението е објавено на 11 април, а Асанж претходно беше уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон, во која се криеше од 2012 година. Асанж се криеше за да не биде испорачан на шведските власти, по покренатото обвинение за силување во оваа земја.

Scroll to Top