(Видео) Сведок тврди дека го видел принцот Ендру со една од жртвите на Епстајн

Електросервисерот Стив Скали, кој на почетокот на 2000 година бил повикан на приватниот оствор „Литл Сент Џејмс“ за да ја поправи телефонската мрежа, вели дека го видел синот на британската кралица, принцот Ендру, со една од жртвите на педофилот Џефри Епстајн.

Ендру во 2001 година беше обвинет дека имал сексуален однос со тогаш 17-годишната Вирџинија Робертс. Тој ги негираше ваквите обвинувања, сè додека во јавноста не се појави сведок кој тврди дека го видел војводата од Јорк среде оргија на островот на поранешниот американски милијардер.

За потсетување, Епстајн минатата година се обеси во својата ќелија во Њујорк, каде беше сместен поради обвинувањата за педофилија. Сведокот вели дека кога првиот пат го видел Ендру со младата девојка покрај базен, таа изгледала како дете во споредба со него. Стив изјавил дека ги поздравил и дека му било многу непријатно.

Стив вели дека е подготвен да сведочи за сето тоа што го видел во 2001 година на приватниот остров. И самата Вирџинија пред неколку месеци јавно проговори дека била присилена да има секс со синот на кралицата. Според неа, таа била со Ендру три пати во периодот меѓу 2001 и 2002 година. Тогаш Вирџинија била малолетна.

Scroll to Top