(Видео) Тајно летало 780 дена не шпионирало од вселената

Мистериозното вселенско летало X-37B на американските воздухопловни сили, по 780 дена во орбитата минатата недела безбедно слета на земјата. Досега никој не ја знае неговата мисија, а поради строгата тајнос, во јавноста се појавија разни теории дека станува збор за шпионско летало.

Никој досега не сака јавно да зборува за мисијата на леталото кое повеќе од две години летало во вселената. Од воздухопловните сили на САД само велат дека станува збор за строго чувана тајна.

Американскиот генерал Даг Шиес се пофали дека нивното летало останало најдолго во орбитата, за разлика од сите претходни досега. Медиумите пренесоа дека ова е петто летало кое било испратено во вселената во изминатите десет години.

Голем број теоретичари се сомневаат во изјавите на Шиес кои вели дека станува збор за експеримент кој би можел да помогне во иднина при истражувањето на вселената.

„Исклучително сум горд на тимот кој работеше на оваа мисија. На нивната работа и труд, кој кулминираа со безбедно и успешно слетување на нашето летало X-378“, изјавил генералот Шиес.

Поради тајноста на мисијата, многу теоретичари шпекулираат дека ваквите авони можат да се користат за шпионско делување во разни земји, или за тестирање на вселенски оружја. Теориите отишле дотаму што некои сметаат дека САД развива технологија за борба во воздушниот и вселеснки простор.

Многумина се сомневаат дека Американската војска развива ласерско оружје, кое на крајот би можело да се вгради во американските авиони. Леталото X-37B за време на мисијата летало без екипаж. Изгледало како вселенските шатли на НАСА, кои ги пренесуваа астронаутите во вселената до Меѓународната вселенска станица.

 

 

Scroll to Top