Севернокорејскиот и руски претседател Ким Џонг Ун и Владимир Путин се сретнаа во средата на космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток. На социјалните мрежи се појави видео од еден од телохранителите на севернокорејскиот лидер.
Во бели ракавици телохранителот внимателно го избриша столот на Ким Џонг Ун пред да седне на него. Направени се проверки и на космодромот пред нивниот состанок, пишува „Мирор“.
Снимката брзо стана вирална, а некои сугерираат дека Ким Џонг Ун можеби се плаши за сопствената безбедност, па затоа ги презел вакви мерки, плашејќи се дека столицата може да биде контаминирана.
🇰🇵🇷🇺Video before Kim Jong Un’s meeting with Putin…
✍️North Korean leader Kim Jong-un’s bodyguards and entourage carefully scan his chair from all sides and examine it manually and with an X-ray machine pic.twitter.com/drGANS9AIK
— BlueGreen Planet (@BluesWaltair) September 13, 2023