(Видео) Телохранители со лажни раце го чуваат кралот Чарлс, видеото го видоа 11 милиони луѓе

На „Тик ток“ се шири видео од телохранителите на новиот британски крал Чарлс Трети. Некои заговорници тврдат дека се со лажни раце и дека вистинските ги кријат под костимите. Тие се подготвени да интервенираат во секој момент да го заштитат кралот.

Џејсон кој го објави видеото го забави и ги зумираше лажните раце. Оние кои го поддржуваат тврдат дека телохранителоте изгледаат многу сомнително. Видеото е видено повеќе од 11 милиони пати.

Scroll to Top