(Видео) Трамп ја замени Меланија со таен агент

By

Двојничка на Меланија се појави на гробиштата каде се погребани американски војници во Франција. Ова го тврдат голем број корисници на „Твитер“ и заговорници, кои што велат дека веќе подолг период ја следат првата дама на САД и ги знаат сите нејзини движења, мимики и позицонирања.

Трамп беше во посета на Франција за одбележување на 75 годишнината од Денот „Д“. Како дел од неговото патување, Трамп со Макрон и првата француска дама Бриџет, ги посетија американските гробишта во Нормандија, каде се погребани 9388 американски војници кои трагично ги загубиле животите за време на Втората светска војна.

Жената која стои до американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот колега Емануел Макрон не е Меланија, туку таен агент на службите, кој се претставува како ФЛОТУС. На видеото се гледа како Меланија носи букет со својот сопруг и двајцата стојат пред францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит.

Поранешниот модел потоа клекнува на еден од гробовите и го положува букетот. Но, говорот на телото и позиционирањето предизвикаа бурна реакција кај голем број заговоници, кои се убдени дека на фотографиите не е Меланија и дека станува збор за таен агент.

„Тоа е агент на тајната служба кој се претставува како ФЛОТУС“, „Кога и да ја видите таа носи очила, во прашање е двојничка. Може да се забележи дека Трамп е супер-згоден со неа, како што никогаш не бил со Меланија“, „И Трамп не дозволува вистинската Меланија да стои зад него“, „Меланија има двојничка? Дали е тоа причина што француската прва дама се држи на растојание?“, се дел од прашањата и коментарите на голем број заговорници.

Теориите за двојничката на Меланија, прв пат се појавија во октомври 2017 година, кога актерката и комичарка Андреа Вагнер Бартон јавно праша дали првата дама е заменета со жена слична на неа.

Оние кои веруваат во теории на заговор тогаш укажале на голем број прилики во кои првата дама користела двојничка од безбедносни прични или кога имала други обврски.

Но, за изненадување, тоа досега никој од официјалните лица го нема ниту потврдено, ниту негирано. Само Трамп зборувал за ваквата завера откако повторно се појави фотографија во март, нарекувајќи ја лажна вест.

Ќе ви се допадне