(Видео) Трамп пред изборите може да влезе во војна со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да влезе во војна со Северна Кореја пред изборите, предупредуваат американски експерти. Тие велат дека секој потег треба прецизно да биде пресметан за да се осигура брза победа, а истовремено најмалку да биде пролеана крв.

Во вчудовидувачкото директно писмо, кое заедничкиот штаб на Вашингтон го објави во 2017 година, контраадмиралот Мајкл Димон му кажал на корејскиот претставник Тед Лие дека постои само еден одржлив пат за преживување на династијата на семејството Ким.

Тој објаснил дека единствен начин да се лоцираат и уништат, со целосна сигурност, сите компоненти на севернокорејската програма за нуклеарно оружје е копнена инвазија.

Тоа веројатно би го вклучило и американскиот воен персонал стациониран во Јужна Кореја, како и трупите кои би долетале од американско копно, кои би го нападнале Северот и би обезбедиле огромен нуклеарен арсенал на земјата.

Фактот дека Ким поседува такво разорно оружје им пречи на светските лидери. Се верува дека Северна Кореја има ракети кои се способни да ги погодат и целите со далечен дострел, вклучително и копното на САД.

Исто така тој тврди дека Корејците развиле и водородна бомба која може да биде поставена на ракета.

Динамиката на моќта на Северна Кореја повторно се промени, по сугестиите во извештаите дека врховиот лидер Ким Џонг-ун би можел да ја убие својата од неодамна унапредена сестра Ким Јо-џонг, доколку таа претставува закана за неговиот авторитет.

Јо-џонг била сметана за како некој кој ќе го наследи Ким, ако нему му се случи нешто. Оваа шпекулација е зацементирана откако минатиот месец таа се стекна со разни овластувања, преземајќи ја контролата на дипломатските преговори со САД и Јужа Корена.

Се појавија и шпекулации за нејзиното погубување, затоа што не била забележана во јавноста повеќе од месец дена. Ова во целост е во спротивнот со нејзиното присуство на големите дипломатски и домашни ангажмани во последните неколку години.

Севернокорејските експерти сугерираат дека Јо-џонг можеби се повлекла самата, додека други ја истакнале способноста на Северот за тактички потези во пресрет на значајните глобални настани, како што се американските избори во ноември.

Многу од работите за Пјонгјанг зависат од изборите во САД. САД се покажале како главен извор на сила која може да заземе воен став против диктатура, но и да подигне остри трговски санкции.

 

 

Scroll to Top