(Видео) Твитерџија го погоди датумот на смртта на кралицата Елизабета, а го предвиде и за кралот Чарлс

Логан Смит го предвидел датумот на смртта на кралицата Елизабета Втора, пренесе „Мирор“. Тој пред неколку недели на „Твитер“ напишал дека таа ќе почине на 8 септември 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Претходно го сподели и датумот за кој верува дека ќе почине и кралот Чарлс Трети. Логан, чиј профил е @logan_smith526, во јули предвидел дека британскиот монарх ќе почине на 8 септември 2022 година.

Истиот корисник сега сподели и датум во врска со новиот крал, Чарлс III. Тој предвидел дека ќе почине на 28 март 2026 година. Иако брзо потоа ја избришал оваа објава, таа за кратко време почна да се споделува на социјалните мрежи.

Фотографиите со неговата објава биле видени повеќе од пет милиони пати, и додека некои се сомневаат во неговото предвидување, други му поверуваа дека британскиот крал сепак ќе биде кратко време на престолот.

@zukosburnteye rip to logan i know the british are coming for him #thequeen ♬ my tears ricochet – Katelyn

Логан за кратко време стана најбараниот човек во Велика Британија, но има и такви кои се шегуваат и коментираат дека лошо ќе биде по него, ако за неговите предвидувања дознае кралското семејство.

@stjzzy #queen #queendied #queendeath #fyp #trending #rip ♬ original sound – 💋

За потсетување, Чарлс во ноември ќе наполни 74 години и беше прогласен за крал по смртта на кралицата Елизабета. Неговото крунисување беше официјализирано на церемонија минатата сабота. Новиот монарх е најстарото дете на покојната кралица од бракот со принцот Филип.

Погребот на Елизабета треба да се одржи в понеделник, 19 септември, во 11 часот во Вестминстерската опатија.

Scroll to Top