(Видео) Уапсена жената која сакаше да го отруе Доналд Трамп

Канаѓанката Паскал Ферие, која се обиде да го отруе американскиот претседател Доналд Трамп, е фатена на канадската граница. Паскал во Белата куќа испратила пратка со отровот рицин, многу опасна и смртоносна супстанца, која, за среќа, службите на време ја откриле.

Против неа ќе биде подигнато обвинение за закана против американскиот претседател Доналд Трамп. Во моментите кога била уапсена, таа во себе носела оружје.

Паскал првпат се појавила во судница, во судот во Бафало, а судијата наредил да остане во федерален притвор. Жената била уапсена во неделата, кога се обидела од граничниот премин во сојузната држава Њујорк да премине во Канада. Со себе носела оружје и нож.

За потсетување, пакетот рицин го откриле американските служби во саботата, пред истиот да стигне до Трамп. Се верува дека пакетот бил испратен минатата недела.

Scroll to Top