(Видео) Уништена снимката од ќелијата на Џефри Епстајн

Снимката од безбедносните камери кои го фатиле првиот обид на Џефри Епстајн да си го одземе животот, случајно е уништена. Обвинителството вели дека се работи за техничка грешка. Од таму велат дека персоналот во затворот случајно ја сочувале снимката од погрешната ќелија и дека им ја доставиле таа снимка, а вистинската не постои.

Епстајн се обеси во затворот во август минатата година, додека чекал да му почне судењето во кое беше обвинет за трговија со луѓе. Тој се изјаснил дека не е виновен за злоставувањето на десетина девојчња, од кои некои од нив имале и 14 години.

Само месец дена претходно, милијардерот се обидел да се самоубие. Тој бил пронајден во полусвесна состојба со повреди на вратот во ќелијата на 25 јули, по што му бил засилен надзорот.

Во меѓувреме, Епстајн бил префрлен во друга ќелија каде бил пронајден мртов на 10 август 2019 година. Двајцата затворски стражари биле обвинети дека не го проверувале, иако во извештаите уредно тврделе дека редовно спроведувале контрола на затворениците.

По смртта на Епстајн, адвокатите на семејството ги побарале снимките од месец јули, на кои требало да се види како милијардерот се обидува да се самоубие. Но, снимките исчезнале.

Од обвинителството соопштиле дека од затворот им биле доставени материјали од друга ќелија, а не од онаа во која престојувал Епстајн.

„Побараното видео повеќе не постои во базата за складирање поради техничка грешка“, велат од обвинителството.

Scroll to Top