(Видео) Урнебесен документарец за Ким, нараторот во него плаче и зборува како таткото на нацијата копнеел да го оствари сонот на народот

Во Северна Кореја во вотрникот се емитуваше нов документарен филм за лидерот Ким Џонг-ун. Во него нараторот зборува за тоа колку тој паднал и физички и психички додека се борел со тешкотиите со кои се соочуваат неговите сограѓани.

Пропагандниот филм се вика „Големата година на победата, 2021“. Во него се гледа како Ким додека е во посета на едно градилиште, поткривува додека се чекори на импровизирани скали, а во рацете држи чадор.

Се слуша емотивниот наратор кој вели: „Неговото тело целосно овенало, а тој ја покажа својата мајчина страна додека патеше и се грижеше да се остварат соништата на народот.

Нараторот потоа сугерира дека здравствените проблеми на Ким се резултат на напорната работа, но не се осврна директно на драматичниот пад на неговата тежина. За потсетување Ким подолго време се немаше појавено во јавноста, па сега сите видоа колку нивниот лидер ослабел.

Ким ни ја покажа и татковската страна така што упорно се бореше со снегот, дождот и ветерот, додека ја превземаше судбината на нацијата и луѓето како свои деца, продолжи нараторот.

Во вториот дел од филмот, Ким е прикажан како јава коњ на плажа со воените официјални лица. Со него беше и Пак Џонг Чон, началникот на Генералштабот на Корејската народна армија, по што следи снимка од тенковите кои изведуваат вежби.

Северна Кореја не призна дека регистрирала макар ниту еден случај на заразен со коронавирус, нешто што експертите го дочекаа со скептицизам. Но, без оглед на тоа, земјата беше погодена од пандемијата, а затворањето на границата со Кина, само допринесе за недостиг на храна.

Исто така земјата во изминатите години беше погодена од суша и поплави, а продолжија и санкциите од Обединетите нации поради нејзината програма за вооружување.

Овие прашања не беа посебно споменати во документарниот филм, во кој беше објавено дека неодредените тешкотии со кои се соочила земјата, сега се под контрола.

Scroll to Top