(Видео) Уште една мистериозна смрт во семејството Кенеди, најдено телото на внука му

Полицијата го пронајде телото на внуката на покојниот Роберт Ф. Кенеди, Мејв Кенеди Тансенд Мекин (40), која заедно со нејзиниот син мистериозно исчезнаа во петокот. Полицијата сè уште трага по осумгодишното момче.

Нејзиниот сопруг Дејвид Мекин за „Њујорк пост“ вели дека двајцата исчезнале откако со кану влегле во водата да ја најдат топката со која претходно играле. Откако испловиле, двајцата мистериозно исчезнале во заливот Чесапик.

Местото каде било откриено нејзиното тело се наоѓа во близина куќата на нејзината мајка, од каде испловиле.  Телото е најдено по повеќе од 26 часа потрага на длабочина од околу 8 метри, околу 4 километри јужно местото Шејди сајд во Мериленд.

Мејв работела како советничка во администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и тоа за глобалната програма против сидата, а волонтирала и за мировните сили во Мозамик.

Роберт Франсис Кенеди, нејзиниот дедо, беше политичар и правник, брат на поранешниот американски претседател Џон. Ф. Кенеди. За време на неговиот мандат, тој работел како министер за правосудство. Како и брат му Џон и Роберт беше убиен во атентат.

Scroll to Top