(Видео) Владата на САД направила лажно видео со кое сакала да ја подготви јавноста за нуклеарен напад

Владата на САД во 1986 година направила лажно видео во кое е режиран терористички нуклеарен напад во Индијанаполис, со цел да го подготви населението за најлошото сценарио. На видеото работеле луѓе од Пентагон, ЦИА и другите американски известувачки агенции.

Вежбата била наречена „Моќниот Деринџер“. Националната администрација за нуклеарна безбедност NEST во координација со другите највисоки безбедносни воени агенции, во 1986 година направила видео како би помогнала во подготовката за појава на терористички групи кои се закануваат дека ќе детонираат нуклеарна бомба во американскиот град.

Вежбата требало да ги тестира вештините на NEST тимот во пребарувањето на нуклеарните бомби. Пребарувањето го правеле високо обучени групи кои работеле во Министерството за енергетика. NEST настанал во 1974 година, но е активен до ден денес.

Луѓето кои го објавиле видеото до кое дошле преку Законот за слобода на информации, го прикажува водителот на вестите на Канал 9, додека хеликоптер го снима Индијанаполис од воздух, откако градот е делумно евакуиран, а властите се обидуваат да ја бараат нуклеарната бомба.

Водителот имал измислено име Џеф Шварц и имал стајлинг, мустаќи и фризура карактеристички за осумдесетите години од минатиот век. Емитувањето било направено во четвртиот ден од заканата.

„Голем дел од центарот на Индијанаполис е евакуиран, а извештаите кои ги имаме во овој момент не се целосни. Знаеме само дека терористите се скриени во центарот на нашиот град со нуклеарни уреди“, рече Шварц.

Полицијата е таму долу на улиците и се грижи сите да останат надвор од градот.

Програмата за обука на „Моќниот Деринџер“ била инспирирана од друг лажен терористички заговор од 1986 година, во кој постоела анонимна закана дека ќе биде активира нуклеарна направа во Бостон доколку терористот не добие 200.000 долари.

За време на вежбата, терористичка група во Индијанаполис украла и нуклеарен материјал во нејзината матична земја Монтре, измислена верзија на Мексико.

Војниците на Делта Форс испратија и ја извлекоа бомбата пред да експлодира, но тимот не беше толку успешен во градот на Средниот Запад. Според евиденцијата за обука, биле уништени површини во радиус од 20 квадратни блокови, 900 луѓе загинале, а 800 биле повредени.

Scroll to Top