(Видео) Внукот на Кенеди побара Бил Гејтс да биде уапсен

Внукот на пораншениот американски претседател, Џон Кенеди, Роберт, побара, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, да биде уапсен. Роберт својот гнев кон милијардерот јавно го покажа во време кога во Австралија се случуваат големи протести поради ограничувањето на слободата.

Многумина излегоа на протести во Мелбурн и застанаа против острата цензура и шпионското следење и набљудување на луѓето, дигитализацијата на валутите и строгите социјални контроли, вклучувајќи ги и репресивните блокади, работи за кои сметаат дека се поддржани од Бил Гејтс.

Роберт Кенеди му се заблагодари на мистериозниот уметник кој направил џиновски мурал на еден ѕид во Мелбурн. На уметничкото дело е прикажан Бил Гејтс, кој додека се смее ,држи шприц во раката и вели дека е дојдено времеза „апдејт“.

Муралот бил потпишан со името @Lushsuk. Станува збор за анонимен уметник, кој е познат по својот отпор и потсмевање со моќните фигури во светот.

Во меѓувреме протестите растат во градовите во Австралија, а голем број Австралијци излегоа на улиците во Мелбурн и побараа милијардерот Бил Гејтс да се најде зад решетки и да се соочи со обвинувањата за злосторства против човештвото.

Во мај голема група се собра пред парламентот во Мелбурн и викаа да се уапси Бил Гејтс.

„Lushsuku постигна поен за слободата. Царството вести и вакцини на Руперт Мардок се усогласи со картелот на меѓународната здравствена агенција на Бил Гејтс, со цел Австралија да стане полигон за нивното големо ресетирање. Станува збор за глобална деволуција со демократија на медицински фашизам“, изјавил Роберт Кенеди.

„Повикувајќи се на биолошката сигурност, австралиските технократи воведоа остра цензура, надгледување на секој ѕид, дигитализација на валутите и ригидни социјални контроли, вклучувајќи и репресивни блокади и задолжителни маскирање. Сето тоа без најава и коментари и создавање правила, јавни расправи или кои било од традиционалните мерки за заштита на партиципативна демократија“, објаснил Кенеди.

Тој додал дека за да ја задржат контролата и послушната, диктаторскиот режим го користи стравот за да го оправда укинувањето на културата и самоизразувањето на личните слободи.

„Авторитарната теократија често ја промовираат кај жените за да носат марами, маски или бурки за да го погазат своите самоизразување и да означат потчинување и послушност. Новите држави преку заканата за биолошка сигурност ги принудуваат на бурказирање на целата популација. Маската е траен потсетник за страв од заразата и сигнал за послушност и усогласеност. Бидејќи угнетувањето на биолошка сигурност почнува со искоренувањето на изразот на лицето, уметничката музика и хуморот сега се критични револуционерни акти“, изјавил Кенеди.

Слични сцени имало и во Германија минатиот месец кога десетина илјади граѓани ги наполниле улиците на Берлин во знак на протест против Бил Гејтс и големите фармацевски компании.

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда во последните неколку месеци се под лупа на јавноста поради нивното сè поголемо учество по светските здравствени прашања.

Пред сè, нивниот интерес за пандемијата на Ковид-19 и трката по вакцина. На крајот на август на масовните собири во Германија беа видени голем број луѓе кои побараа човештвото да се разбуди и да го отфрли Бил Гејтс кого го нарекоа светски здравствен диктатор.

Демонстрантите исто така ја критикуваа фармацевската индустрија обвинувајќи ги компаниите за лекови дека го доведоа светот до глобален тоталитаризам и ропство.

„Владите ја сакаат оваа пандемија“, изјавил Роберт Кенеди.

„За мене е мистерија како овие големи важни луѓе, како Бил Гејтс и Тони Фаучи, со децении планирале и размислувале за оваа пандемија“, продолжил тој.

„А сепак, сега кога се тука, изгледа како да не знаат за што зборуваат. Тие тоа го измислуваат додека таа трае. Тие ги измислуваат бројките“, завршил Кенеди.

Scroll to Top