(Видео) Во Велика Британија се палат 5Г-кули поради теории на заговор за коронавирусот

By
Британците почнаа да ги палат 5Г-кулите, поради теориите на заговор за коронавирусот кои се шират низ земјата. Луѓето сметаат дека телекомуникациската мрежа 5Г ја предизвикува и ја влошува оваа зараза.Тие запалиле најмалку три 5Г-кули, а повеќето телекомуникациски техничари се изложени на малтретирање и закани по улиците поради теоријата дека оваа мрежа ги прави луѓето да бидат подложни на опасниот вирус.На социјалните мрежи се шират снимки од 20 и повеќе метри високата кула во Бирмингем, која од четвртокот вечерта гори. На интернет се шират коментари дека ја запалиле анти-5Г активисти. Една од снимките ја објави и британски „Сан“. Мрежниот оператор ЕЕ за британски „Гардијан“ потврди дека се работи за подметнат пожар.

Во петокот вечерта во Ливерпул во оган пламна уште една 5Г-кула, а пожарот за кратко време беше изгаснат. Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон, откри дека примил закани од анти-5Г теоретичари на заговор.

„Гардијан“ пренесува дека Андерсон не верува во оваа теорија, која станува сè попопуларна на социјалните мрежи. Тој нагласи дека сите научни сознанија покажуваат дека 5Г-технологијата не е опасна за луѓето.

И во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, запалена е мобилно-телекомуникациската кула. Снимката што се појави на социјалните мрежи укажува на тоа дека ја запалиле анти-5Г активисти.

Досега не постојат никакви докази дека петтата генерација на мобилните комуникации, познати како 5Г, предизвикува или ја влошува новата болест Ковид-19, предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2.
Британската страница за проверка на фактите „Фул факт“, деновиве се занимава со проучување на оваа тема. Оттаму велат дека тврдењата дека 5Г влијае на имунолошкиот систем се неосновани.„Нема докази дека коронавирусот и 5Г се меѓусебно поврзани“, велат од „Фул факт“. 

 

 

Ќе ви се допадне